Бетонот на Грујо распука по втор пат, нема избори на 5-ти јуни : Уставниот суд едногласно ја прифати иницијативата на ДУИ, стопирани дејствијата за изборите на 5 јуни

0
913

Уставниот суд на денешната седница едногласно одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија и донесе времена мерка со која се запираат сите изборни дејства.

Одлуката на Судот ќе биде објавена денеска во Службен весник,  по што и формално стапува во сила.

По ова, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски може да го свика и да се поништи одлуката за распуштање, како и таа за избори на 5 јуни.

Судот следната недела треба да донесе конечна мериторна одлука за иницијативата за распуштање на Парламентот.

Иницијативата ја поднесе пратеникот на ДУИ Талат Џафери, за која од Уставниот суд посочуваат дека има целосно нови елементи и оти за овој предмет има нова анализа.

Уставните судии во февруари годинава веќе расправаа и ја отфрлија Иницијативата на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз и на Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, за одложеното распуштање на Собранието.

Извор : Либертас