Бети Канческа и Арифхикмет Џемаили во „Мадам Тисо“ бирале восочни фигури за Музејот на ВМРО – ДПМНЕ

0
1514

Арифхикмет Џемаили, кој денеска се појави на распит во СЈО заедно со Елизабета Канческа – Милевска во 2007 година биле во “Мадам Тисо” во Лондон, а таа од таму продолжила во музеите во Санкт Петербург и во Москва за консултации за восочни фигури за Музејот на ВМРО

Џемаили и Канческа ги бирале восочните скулптури за Музејот на ВМРО, едно од првите активности за почнување на проектот „Скопје 2014“, кој беше најавен дека ќе чини 80 милиони, а досега чини 640 милиони евра, објави порталот Сакам да кажам.

Џемаили беше министер за култура од ДПА од 2007 до 2008, кога беа удрени темелите на „Скопје 2014“, а за криминалите на власта, пишува порталот, во овој проект исто така има и истрага на СЈО.

Во Специјалното јавно обвинителство одбиваат да кажат зошто денеска кај нив на распит бил повикан и претходникот на Елизабета Канческа – Милевска во Министерството за култура. И самиот Џемаили ги избегна новинарите и не даде изјава.