БЕСА : Без Албанците нема решение на политичката криза

0
1243

Отсуството на албанските политички претставници во разговорите во Брисел е уште еден показател на перцепцијата на Македонците за државата.Тие продолжуваат да веруваат дека за иднината на државата треба да се договорат само македонските партии меѓу себе, затоа што албанските партии ги сметаат само како вагони, кои еднаш ги влече едната а другпат другата локомотива, реагираше движењето БЕСА на почетокот на политичките преговори на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во Брисел на кои не се поканети и претставници на политичките партии на Албанците во земјата.

беса

Како што пишува во реакцијата, за движењето уште повознемирувачки е фактот што ваквата перцепција за државата, како резултат на сервилноста и подлежноста на некои политичари Албанци, сега формирал и официјален Брисел, кој не ја воочил неопходноста да ги покани на овој дијалог и Албанците.

„Иако ова претставува горка вест за иднината на една земја која претендира да стане членка на ЕУ, уште повознемирачки е фактот што тематичарите од ДУИ, кои своите порази ги затскриваат низ собири со некој претставник од меѓународната заедница (на кои не им пречи ова игнорирање), се однесуваат како лисици фатени во кокошарник, без да имаат храброст ни да го изговорат прашањето зошто се игнорираат и не се повикани Албанците на овие средби, а уште помалку да кажат дека Албанците нема да ги почитуваат решенијата кои се носат на преговарачката маса меѓу ВМРО-СДСМ во Брисел без присуство на Албанците“, пишува во реакцијата.

Од движењето БЕСА подвлекуваат и дека меѓународната заедница, Македонците, но и албанските политички субјекти,треба да знаат дека без Албанците оваа криза не може да се затвори.

„Без Албанците ова решение изгледа се поненадежно. Затоа БЕСА смета дека, ако Албанците и овој пат се игнорираат, актуелната криза само ќе се продлабочи и ќе се зголемат шансите за продолжување на летаргијата во Македонија“, стои во реакцијата.

Од движењето БЕСА сметаат дека решенијата кои ќе се донесат без учество на Албанците се нелегитимни, моноетнични, најмалку државни и антиалбански.

„Затоа ние – како што веќе се изјаснивме – во првиот момент кога ќе ја добиеме довербата на Албанскиот народ во Македонија, ќе редефинираме секоја ваква или слична одлука која е донесена без волја на Албанците во Македонија“, пишува во реакцијата.

Движењето БЕСА, најгласува дека веќе ја понудило својата платформа за излез од кризата „Редефинирање“.