Без паника, Катица ќе привлекува странски инвестиции од Белизе

0
1201

Гледам невидена паника и хистерија на провладините медиуми. Од жалбите на Латас дека Катица не ги известувала Сител и Вечер за следните чекори и не враќала задоволувачки одговори на нивните смс пораки, па до денешната невидена загриженост за „мегаломанство и партизација“ на буквално сите (про)владини трубадури.

Пази кој зборува за мегаломанство и партизација…

Луѓето кои немаа никаков проблем со 600 милиони за барок, наеднаш се засекираа за 1 милион за Катица.

Телевизијата чија уредничка се чувстува како мечка во пештера ако не добие тендер од 1 милион евра, се грижи за 1 милион евра за Катица…

За истрага и се тие, бе дечки. Гледајте на тоа како пари дадени за привлекување на странски инвестиции… поточно на нивно враќање… од Белизе, на пример.

Истовремено, се жалите дека во специјалното обвинителство ќе имало дури 124 вработени. Па нели Македонија вработува, бе дечки? Наместо да и честитате, вие…

Плус, да бевте малку поискрени ќе се фокусиравте на тоа шо сте го потцртале со црвено и за што сте загрижени многу повеќе отколку за буџетот… обвиненија од 15 декември!

Јован Постолоски – Јофе