БЕГ СЕ ЗАКАНУВА СО СУДСКИ НАЛОЗИ ДЕКА ЌЕ УПАЃА ВО СТАНОВИ ЗАРАДИ ПЛОМБИРАЊЕ НА ИСКЛУЧЕНИТЕ ОД ПАРНО!

0
1484

„Балкан енерџи груп“ (БЕГ), фирмата која ги грее скопјани, почна да упаѓа во станови.

Кај корисниците кои се исклучени од мрежата остава известувања дека заради контрола и пломбирање на исклучените грејни тела, била во посета на станот но поради отсуство на сопствениците не можела да го заврши пломбирањето па ги замолува во рок од пет дека да се јават во фирмата за да закажат нов термин за посета. На крајот од известувањето стои закана дека правото ќе си го бараат по судски пат ако не им се дозволи пристап, пренесува „СДК“.

Со оваа мерка се опфатени не само становите кои се откажале од централно греење додека тоа е во надлежност на БЕГ, туку и оние кои се откажале уште за време на АД„Топлификација“, односно и оние кои парното го исклучиле пред 2012 година.

„Ставаме пластични пломби на исклучените грејни тела. Тие, кога биле исклучени од системот за греење биле затворени само со штопни.

Сега над нив ние ставаме пломби“, вели човек кој се јавува на телефонскиот број на БЕГ за грижа за корисници и нагласува дека тој не е надлежен да дава официјални изјави, а и не знае кој е надлежен за тоа.

Целиот текст ОВДЕ