БГНЕС : Србија им го сврти грбот на Груевски и на Мијалков, се очекува „бомба“ и во Белград!

0
975

Политичките и економски врски на бившиот раководител на македонските тајни служби Сашо Мијалков со вооружените групи, каде се испреплетуваат бизнис интереси, воопшто не треба да се доведуваат во прашање – пишува бугарската новинска агенција БГНЕС во својата анализа под наслов „Србија им го сврти грбот на Груевски и на Мијалков.

mijalkov-gruevski-s

„Српските тајни служби активно присуствуваат во Македонија и секогаш се следи што таму се случува. И тие тоа го прават не само затоа што во Македонија има српско малцинство, туку и затоа што секогаш се јавуваат како покровители на Македонија. Очигледно, Белград не сака да биде замешан, во момент кога чука на врата на ЕУ и води едни полууспешни преговори со ЕУ. Србија не сака да биде вмешана во поддржувањето на актуелната власт во Македонија, која полека се распаѓа. Уште повеќе, затоа што постои опасност од прелевање на конфликтот во регионите на Јужна Србија“ – пишува агенцијата во својата анализа.

„Српските служби биле на штрек, зашто неговиот огромен капитал и неговите врски со политичката и бизнис елита во Србија биле будно следени од странските разузнавачки служби. Така, според српски разузнавачки избори, е решено на највисоко ниво да биде пуштена „бомба“ во јавноста, која реално може да биде и крајот на премиерот Никола Груевски. Допрва треба да се откријат политичките и економските интереси на Мијалков, не само во регионот, а Србија е сериозно загрижена за својот углед во светот. Дотолку повеќе што сценариото на Мијалков не е нешто ново и непознато во регионот, па и во Србија“ – пишува за БГНЕС Јулијана Јурукова, угледна аналитичарка, професор на Американскиот универзитет во Белград и долгогодишен соработник на „Слободна Европа“. Поради сето ова, заклучува Јурукова, Груевски и Мијалков во овој момент се исклуичително опасни за Србија и затоа српските служби решиле да им го свртат грбот.

Во анализата се наведува дека Мијалков, според српските служби, бил чест гостин во Белград, под покровителство на своите српски колеги. Неодамна беше обелоденета неговата белградска љубовна афера, во која тој трошел и по 5.000 евра на вечер. Исто така се наведува дека Мијалков, користејќи ги своите политички врски во Србија, кога сакал ја минувал границата без да се пријавува на граничен премин, односно таму се чувствувал како дома.