БАЧЕВ СО СТРАХОТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ, ОЛИВЕР СПАСОВСКИ, ОТКАКО МВР ЗАПОЧНА ДА ГИ СЛЕДИ БАЧЕВЦИ И ОЛУМЧЕВЦИ ПО ШИРЕЊЕТО НА ГОВОР НА ОМРАЗА И АНТИ АЛБАНСКИТЕ ИЗЈАВИ

0
1499

Реакција – Кризен штаб против референдумот: За полициското следење на бојкотирачите на референдумот одговорност мора да има.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вчерашното интервју за Македонската информативна агенција призна дека МВР и надлежните служби ги следат противниците на референдумот.

Ова е скандал сам по себе да се следат од МВР неистомислениците од Кризниот штаб против референдумот иако плурализмот е една од темелните вредности во Уставот на Република Македонија.

Да се нареди полициска опсервација што значи следење и прислушување само затоа што македонскиот народ и поголем дел од граѓаните нема да излезат и ќе го бојкотираат референдумот на 30 септември, нема основа во Уставот и законите на Република Македонија.

Оливер Спасовски уште еднаш го погази Уставот. Очајничкиот обид на Спасовски со противуставно следење и прислушување да ја исклучи алтернативата за бојкот на референдумот и секој кој размислува различно од пучистичката власт, нема да успее.

За кршењето на Уставот со полициското следење на бојкотирачите на референдумот, одговорност мора да има.

 

                         Со почит,
Центар за комуникации на Кризниот штаб против референдумот