КОЈА ИРОНИЈА : НАЈГОЛЕМИОТ АНТИ МУСЛИМАН НА БАЛКАНОТ, ЈАНКО БАЧЕВ СЕ СРЕТНА СО АМБАСАДОРОТ НА ИРАН И УПАТИЈА СТРАХОТНИ ЗАКАНИ ДО ТРАМП, НАТО, ЕУ И ЗАЕВ, ЗБОРЕНО Е СО СОЛЗА И ПУТИН!

0
1400

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, придружуван од генералниот секретар Ацо Николовски и членката на Извршниот комитет Билјана Кузмановска, се сретна со амбасадорот на Исламската Република Иран во Република Македонија, Н.Е. Мухамед Мехди Мовахеди и заменик-амбасадорот Н.Е. Мохамед Али Рамезанејад.

Претседателот Бачев во името на Единствена Македонија и во името на македонскиот народ изрази сочуство за убиството на генералот Касем Сулејмани кое го оцени како кршење на меѓународното право и опасен и невнимателен чекор кој може да доведе до зголемување на тензиите во регионот и пошироко.

Генералот Сулејмани како службеник на Иран која е членка на Обединетите нации е убиен во трета држава Ирак од страна на држава членка на Обединетите нации со што е прекршена Повелбата на ОН. Тоа е ризичен чекор за мирот и безбедноста во регионот и пошироко и најдобро решение е почитување на меѓународното право. САД мора да ја сфатат простата вистина дека е лудост да се верува оти една држава може да го владее светот при постоењето на голем број народи и религии и дека иднината на светот му припаѓа на националните сили, патриотите и суверенистите кои сакаат држави со национален и религиски идентитет кои светот го разбираат како културен натпревар меѓу народите.

Бачев изрази благодарност до Иран која од почеток ја призна  Република Македонија под уставното име и потенцираше дека многу бргу новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ги поништи антимакедонските договори вклучително и Договорот со Грција за промена на името, со што, повторно ќе биде воспоставена меѓународната реалност со меѓународно правно признатото – право да го носиме името – Република Македонија.

Неговата екселенција амбасадорот Мухамед Мехди Мовахеди се заблагодари за посетата и говореше за животот и делото на генералот Сулејмани кој фактички целиот живот го посветил на интересите на Иран и светскиот мир како скромен човек со врвни морални принципи и човечка љубов кон човештвото како и погледите на големиот македонски војсководец Александар Македонски кој поставил трајни врски меѓу Македонија и Персија чија наследник е денешната Исламска Република Иран.