Бате Геле кој што му ископа гроб на премиерот Заев и Диме Христоски – Жабата наместо условна ќе одат во затвор

0
3110

Ангеле Зафировски познат како Бате Геле ќе треба да помине една година во затвор за 27 април, откако скопска Апелација му ја преиначила условната пресуда и нему и на останатите 8-мина кои пред една година признаа вина и добија алтернативни казни за учество во толпа, потврдија од судот за Телма. Сега имаат ефективни затворски казни. Димче Христовски- Жабата добил година и половина затвор, Борис Мутков 8 месеци, а сите останaти Aпелација им пресудила 1 година затвор.

Апелационите судии оцениле дека Кривичниот суд бил многу благ кога определил условни казни за настан како 27 април, со големи последици и за луѓе кои сториле кривични дела во највисокиот законодавен дом.

Уште едно судење поврзано со 27-ми април е пред самиот крај. Во четврток ќе биде објавена пресудата за 7-мината обвинети за убиство во обид на пратеникот Зијадин Села.