Барселона победи во Загреб, пет гола на Лазаров

0
1109

ППД Загреб и Барселона ја отворија четвртфиналната фаза во ракометната Лига на шампиони. Предност по првиот меч оствари Барселона која во Загреб победи со 25:23.

barselona

Барселона во текот на целиот натпревар имаше предност од три до пет поени, но домашниот тим во финишот успеа да се доближи на гол негатива (23:24) и имаше напад за израмнување, но ударот на Обрановиќ го одбрани Шариќ, а во противнападот Томас го постави конечниот резултат.

Кире Лазаров постигна пет гола за Барселона, во чии редови најефикасен беше Никола Карабатиќ со шест голови. Најефикасен актер на мечот беше десниот бек на Загреб, Лука Степанчиќ со осум голови.

Реваншот во Барселона ќе се одигра на 18.април.

Извор : Макфакс