БАЛКАНОТ СЕ ПРОСТИ ОД ЛЕГЕНДАРНИОТ ОЛИВЕР ДРАГОЈЕВИЌ

0
1398

Утрово во пет часот во една од сплитските болници почина Оливер Драгојевиќ, објави Слободна Далмација.

Великанот на хрватската и балканска музичка сцена имаше 71 година а почина точно една година од кога прв пат му беше дијагностициран рак на белите дробови.

Смртта на Драгојевиќ ја потврди и неговото семејство.

Оливер Драгојевиќ е роден на седми декември 1947 година во Сплит а детството го поминал во Вела Лука на островот Корчула. Првиот настап го имал на Сплитскиот фестивал кога имал 14 години со песната „Балони“ а две години подоцна почнал и професионално да се занимава со музика како пејач и клавијатурист во групата „Батали“.

Во текот на криерата добитник е на мноштво домашни и интернационални награди а настапувал и во престижните концертни сали како што се њујоршката Карнеги Хол, лондонската Ројал Алберт Хол, париската Олимпија како и Опера Хаус во Сиднеј, Австралија.

Во текот на повеќе од 45 години богата кариера, Оливер покажа дека зад вечниот неговиот успех се крие едноставноста на “тајната вештина“ да се поврзи со својата публика. Стариот „морски вук“ (морски волк) со својот детски инстинкт точно знаеше како да го заведе и оној со најистенчен музички вкус.

Познавачите на музиката Драгојевиќ го опишуваат како мајсторот на далматинската шансона, “медитеранско-далматинска верзија” на Тони Бенет, и Френк Синатра, Дин Мартин, Били Џоел, Стиви Вондер, Пол Анка, Реј Чарлс, Том Џонс и Битлси, Хулио Иглесијас, како и безвременската дива Барбра Стрејсенд.

Оливер Драгојевиќ е поврзан со музика уште од детството. Кога имал пет години, татко му му дал усна хармоника, а со текот на времето научил да свири пијано, кларинет и гитара.

Своето место меѓу ѕвездите ќе го заземе уште во 1976 година кога ја испеа „Скалинада“ за потоа да се редат хитовите како „Опрости ми папе“ (Прости ми тато), „Вјерујем у љубав“ (Верувам во љубовта), „Играјте ночас за моју душу“ (Играјте вечерва за мојата душа), „Цесарица“„Магдалена“„Без тебе“„Ко брод у боци путујем“ (Како во брод во шише патувам), „А кад ми доѓеш ти“ (А кога ќе ми дојдеш ти), „Добро јутро“ (Добро утро), „Ко сам ја да ти судим“ (Кој сум јас да ти судам), „Лијепа без душе“ (Убава без душа) и многу други.

Драгојевиќ ќе остане запаметен и по многуте дуети со многу балкански ѕвезди како што се Џибони, Кемал Монтено, Данијела Мартиновиќ. Во речи си пет децениската кариера Оливер Драгојевиќобјави 15 студиски албуми.