Бакојани: Ципрас веќе има обезбедено 151 глас за Преспанскиот договор

0
1418

Грчкиот премиерот Алексис Ципрас веќе има обезбедено 151 глас за поддршка на Преспанскиот договор во парламентот, изјави Дора Бакојани, влијателниот член на грчката опозициска Нова Демократија  за грчката телевизија „Скај“.

“Ципрас обезбеди мнозинство пратеници за Преспанскиот договор и го доведе Каменос во очај”, рече Бакојани.

Каменос, иако е актуелен министер за внатрешни работи, преку видео-пораки му се заканува на Ципрас дека ќе ја напушти Владата кога ќе дојде редот за ратификација на Спогодбата од Преспа.

Бакојани овој потег на лидерот на АНЕЛ (Независни Грци) го објаснува со тоа што не може да го поднесе тоа што одлуките на Ципрас и Сириза повеќе не зависат од него.

“Наскоро ќе слушнеме плачлива изјава од министерот за одбрана, бидејќи нема друг избор, нема партија зад себе. Тој е во состојба на очај и на крајот ќе се предомисли“, наведе Бакојани.

Инаку, своевремено Бакојани, како поранешна министерка за надворешни работи го блокираше премот на Македонија во НАТО во 2008-ма.