Ајкула со бизарен облик испливала на брег во Нов Зеланд

0
1611
Туристи останале шокирани откако забележале ајкула со доста бизарен облик како лежи на песокот на плажа во Нов Зеланд.

Мартин Стехлик од Чешка шетал на плажата со својот вујко по што двајцата налетале на навистина чудна ајкула која лежела на плажата. „Беше премногу чудна, со толку многу долга опашка и со црни очи. Неверојатно и страшно“, изјави Џорџ Плески, вујкото на чешкиот турист за медиумите од Нов Зеланд.

Според зборовите на експертите за ајкули од одделението за заштита на природата – Клинтон Дафи, ваквиот вид на „трешер“ ајкула (Tresher Shark), лови многу далеку од брегот и вистинска реткост е некој да ја забележи во близина на плажите.

Со својата долга опашка оваа ретка ајкула го напаѓа својот плен, а со оглед на тоа што има мала уста и заби, се смета за најмалку опасна по животот на луѓето кога се во прашање ајкулите.