АЈДЕ ЧЕСТИТО НАРОДЕ: ЕДНОГЛАСНО ОДЛУЧИЈА СИТЕ 29 ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ, ДОБИВМЕ ПОКАНА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО!!!

0
3458

Извори на Канал 5 од Алијансата потврдуваат дека процедурата е веќе завршена уште минатата недела.. Поканата и оваа недела можела да биде упатена, но било решено да се чека Самитот за да се даде поголемо значање на одлуката за проширувањето..

Според информациите до кои дојдовме, точката за упатување на покана за членство на земјава во НАТО, била ставена на дневен ред на Северно-атланскиот совет, на ниво на амбасадори на земјите членки, на првиот состанок веднаш по потпишувањето на договорот со Грција. Според внатрешните правила на НАТО, ако потоа во рок од 48 часа никоја од земјите нема приговор, одлуката по автоматизам стапува на сила..

Деталите за процедурата за Канал 5 ги објаснува поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО, професорот Нано Ружин.

Македонските власти веќе неформално се информирани за одлуката, но таа официјално ќе му биде соопштена на премиерто Заев утре, на состанокот со генералнио секретар на НАТО, Столтеберг, во седиштетот на Алијансата во Брисел.