АЈДЕ ДА ВИДИМЕ КОЈ СЕ ЗАГЛАВИЛ ВО АФЕРАТА МАЃАР ТЕЛЕКОМ, ДВ: Завршена внатрешната истрага во Телеком за прислушкувањето

0
1200

Маѓар Телеком ја завршил внатрешната истрага во врска со наводите за можна вмешаност на неговата фирма-ќерка во Македонија во скандалот со прислушкувањето, но добиените сознанија нема да се коментираат во јавност, објави Дојче Веле на македонски јазик.

Портпаролката на Дојче Телеком, Елпида Тризи во изјава за овој медиум изјавила дека Маѓар Телеком ја спровел истрагата со поддршка на надворешни експерти.

– Не ги коментираме во јавност нашите интерни наоди, но како и во сите други случаи, во целост соработуваме со локалните власти, според потребите- изјавила Тризи за ДВ.

Од специјалното обвинителство во Македонија велат дека се задоволни од соработката со телекомуникациската компанија Дојче Телеком.

– Извештајот на внатрешната контрола на Дојче Телеком го немаме, но доколку најдеме дека ни е неопходен во истражните активности ќе го бараме – изјави за Телма, обвинителката од СЈО Ленче Ристовска.

Внатрешната контрола во македонската компанија Телеком е отворена минатата година во март откако опозицијата почна да ги објавува своите ткн „бомби“ со прислушуваните телефонски разговори.