АЈДЕЕ: ПОГЛАВАРОТ НА ИВЗ СЕ ЗАКАНУВА ДЕКА ИВЗ ЌЕ ГО БОЈКОТИРАЛА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО АКО НЕ ПРЕСТАНАЛЕ НАПАДИТЕ ВРЗ НЕГО ЛИЧНО?!?!

0
2049

Обвинувања кои пратеникот Мухамед Зеќири ги упати од собраниската говорница го разлутија претседателот на ИВЗ Сулејман Реџепи, кој го повика премиерот Заев да го едуцира неговиот заменик, оти во спротивно работата нема да е на арно.

– Него го мачи тоа што јас како јавен лик сум одликуван од претседателот на Албанија и тоа што кога ќе умрам, ќе умрам со чист образ. Тоа ги мачи овие валкани луѓе кои се трудат да се занимаваат со клевети. Ова не е во ред затоа што предизвикуваат незадоволство на ниво на цела Република. Муфтиите побараа итен состанок затоа што сакаат тој да биде едуциран во спротивно работата нема да излезе добро. Ние чекаме да ги евидентираме проблемите, да влеземе во НАТО, да има успешен референдум. Нема да има успешен референдум ако ИВЗ не го поддржи тој референдум. Јас сега не знам зошто не го воведат во ред овој човек кој постојано клевети. Заев да го воведе во ред или да го едуцира неговиот заменик – изјавил за Журнал Сулејман Реџепи.

Еве што толку го изнервира поглаварот Реџепи: