АЈДЕЕЕ, МИЦКО ДЕНЕСКА ШЕТАЛ ДВА ФИКУСА БЕЗ САКСИЈА ВО ОХРИД: Силјановска откако длабоко во ноќта одговарала на пораки, шета во Охрид со Иванов и Мицкоски!

0
1499

Немам зборови како да ви се заблагодарам за поддршката. Длабоко во ноќта останав да ги читам вашите пораки и да одговарам на нив. Ве има многу. Сите барате надеж работите да се вратат во нормала. Вистинските вредности да победат. Правото и правдата да се воспостават, напиша на Фејсбук Гордана Силјановска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ која ја почна кампањата со прошетка во Охрид во друштво на претседателот Ѓорге Иванов, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседтаелот Александар Николовски.

– Ве има секакви. Оние кои никогаш не гласале ЗА, туку против. Оние кои гласаат за ВМРО и препознаваат дека не сум партиски човек, но и дека сум искрен родољуб кој нема да погази Устав и закон и ќе го применува исто кон сите! Оние кои гласаат традиционално за СДСМ или се членови, но кои сметаат дека е време работите да се сменат и да се даде простор на идеи и личности што вредат. Оние кои се спремни да поминат преку етничката бариера зашто партиите и лидерите не делат, а вредностите ни понираат до бескрај. Оние кои никогаш не гласале, или дури се иселиле од земјата од разочараност од состојбите, но кои конечно ќе излезат на гласање затоа што имаат кандидат со вредности и принципи на правда и правдина кои никогаш нема да ги напушти, напиша Силјановска и порача дека сака да биде
претседател кој обединува.