АЈДЕЕЕЕЕ КОНЕЧНО ПОСЛЕ ТОЛКУ ДОЛГО ВРЕМЕ КУРТОНИТЕ НА ,,МАРКУКУЛЕ” ГИ СТИГНА ДОЛГАТА РАКА НА ПРАВДАТА : ОЈО покрена обвинение против КУРТОНИТЕ ПРИЛЕПСКИ од ,,Маркукуле”, КАКО НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА НЕЗАКОНСКИ ФАКТУРИРАЛЕ НАРОДНИ ПАРИ ДУШМАНСКИ КАЈ СТИГНАТ ОД ЛОКАЛНИ ИНСТИТУЦИИ!!!

0
1882

Основното јавно обвинителство – Прилеп поденло обвинителен предлог против одговорното лице на Здружението за промовирање на културните вредности во Пелагонија „Маркукуле“ – Прилеп. Обвинението се однесува на кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 2 и во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што се наведува, осомничениот од  септември 2015 до декември 2017 година, како одговорно лице – претседател, во вршење на неговите овластувања и должности  ја искористил својата службена положба и овластување со тоа што за себе и за други противправно прибавил поголема имотна корист.

Тој се товари дека, спротивно на член 12 и член 50 став1, 2 и 3 од Законот за здруженија и фондации, како и спротивно на дејноста за која се регистрирани и целите определени во член 1 од Статутот на здружението, вршел профитабилна дејност.

Осомничениот во наведениот период вршел медиумски услуги во форма на рекламирање на правни лица од стопанска и нестопанска дејност на интернет порталот www.markukule.mk сопственост на Здружението, со што се стекнувал со добивка која не ја употребувал за остварување на целите на Здружението. Остварената добивка ја распределувал за себе и за други лица поврзани со него, така што во вид на хонорари префрлал парични износи на својата трансакциска сметка во вкупен износ од 244.000,00 денари и на трансакциските сметки на уште осум лица во вкупна висина од 1.112.045,00 денари.

Извор : Правосудство