Аххх, да беа само очилата за сонце проблем!

0
1339

Аххх, да беа само очилата за Сонце проблем! Ах, да беа само 60-те илјади долари причина за крај. Лесно ќе беше.

ognen-janeski

Ама, нема произведувач на очила за Сонце, што има измислено заштита на стаклата од бес, гнев, недомаќинско работење со народни пари, фашистички испади со авторитарни побуди на владеење, его-центризам, самобендисаност, комплекс на Бог, ксенофобичност, нео-нацизам, гадафизам, корупција, криминал, прикривање убиства, кражби, штети кон државата, криумчарење, клеветење, притворање, казнување, тепање, приграбување… Нема таков произведувач. Затоа, џабе стаклата, џабе рамките, џабе златцето, џабе иверчето.

Ниедни пари не ги оправаат гревовите кон макар и само една личност, а камо ли кон цел народ.

Патем, за каде ви се сите тие глупосници што ги купувате? За в гроб? За в земја? Не сфаќам.
Ај тоа што не сфаќам, како ми како, ама нели твојата плата, е плата од народот што плаќа даноци? А таа плата, колку што одвај знае народот колку е, не дозволува да си купи некој очила за Сонце од 60 илјади долари. Особено не премиер! Башка, ало, да си бизнисмен некој прејак, па да ти речам: “Алал ти вера, штом си стигнал до тој степен во бизнисот, кога можеш да си дозволиш за таква прдешка, да потрошиш грдна пара.”

Ама Груевски, ти не си никаков бизнисмен. Тебе не ти се од алал парите, оти ти си еден обичен и беден, веројатно политичар, кој и 300 години да владее, нема да може да си дозволи да си купи толку скапи очила, доколку работи чесно на државничката функција. Ама… ама… некои политичари, се мивки.

Ти си на пример мивка. Ако досега мислев дека си само криминалец и злоупотребувач на службената должност и немав потврда, иако се сомневав дека имаш фрустрации и си ги лечиш на функција, сега сум сигурен во тоа. Таков снобизам, и тоа преточен низ толку евтин шунд и кич, со примеси на злато и од оној малтерон што личи на мермер, многу често се наоѓа во државава. Затоа и сме на ова дереџе.
Особено, поради таквите специфични и конзилијарни медицински случаи како тебе, кои поради тоа што мислат дека од секое свирче бидува кавалче, се филмаат дека се музичари, или пострашно, дури и симфониски композитори!

Или си роден музикален, или не си. Или знаеш да водиш држава, или не те бива.

Всушност, кога ќе размислам, Груевски – ти кога би бил музичар, би бил најрепрезентативен примерок на турбо-фолкот. Додуша, за волја на вистината, денес и таму може да се најде нешто слушливо. Ти сигурно ќе беше машката верзија на Вале Гулабица и ќе ти грмеа громови, или евентуално ќе беше (како што и си) опериран од туѓото мислење, како што е српската Симонида и ќе си правеше “Хопа цупа, хопа цупа, хопа цупаааа” по спотови.
А доколку останеше на идејата да бидеш актер, веројатно ќе беше на ниво на Драги Шпага во “Жена ми Мира пак мастурбира” (кој го гледал, знае на што мислам).

#‎СиктерГрујо‬ #‎ГитлаГрујо‬ ‪#‎ИшГрујо‬ ‪#‎ШуГрујо‬ ‪#‎МршГрујо‬

Ни “‪#‎ЗбогумНикола‬” – нит бутури. Многу вАспитано е тоа за тебе. Ти не се разбираш чое’чки. Да знаеше што се прави штом ти рече некој “Збогум!”, на коњ ќе бевме сега.

KISSES TO ALL, EXCEPT TO THE FASCISTS!!! ♥♥♥

Фејсбук статус на Огнен Јанески