Ахмети по средбата со Хорхе: Клучот за формирање на Влада е кај претседателот Иванов

0
1008

Претседателот на ДУИ Али Ахмети по средбата со претседателот Ѓорге Иванов изјави дека сите опции се отворени и дека се во преговори со политичките партии.

Ахмети подвлече дека тој го нема клучот за формирање на Влада, односно дека клучот е кај претседателот Иванов.

Тој посочи ДУИ ќе ги стави интересите на граѓаните пред партиските интереси, како и дека аргументите не се исцрпени. Ахмети вели дека од утре и во следните денови се продолжува со преговори.

Лидерот на ДУИ посочи дека се стремат кон воспоставуавње на стабилни институции и нормализирање на состојбата во државата која ќе може да одговори на било какви евентуални предизвици.