Ахмети и Тачи ја исполнуваат БЕСАТА што ја имаат дадено на Сашо Мијалков: Ако Груевски се повлече ќе има дестабилизација!

0
985

Албанските лидери Али Ахмети и Мендух Тачи на преговорите во Брисел ја држат страната на Никола Груевски, кој инсистира да остане премиер до крајот на годината, а дури потоа да се формира техничка влада, информира Плусинфо повикувајќи се на неофицијални информации.

ahmeti-taci-540x295 (1)

Албанските лидери настапуваат со тезата дека во Македонија ќе дојде до дестабилизација и немири доколу Груевски падне и доколку се влезе во процес на формирање на преодна влада. Овој нивен став и претходно беше најавен во изјавите на двајцата лидери пред почетокот на преговорите.