Ахмети и ДУИ се борат за сегрегација, не за интеграција на Албанците

0
1382

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, им порача на социјалдемократите дека немаат право да ги бараат албанските гласови на претстојните избори.

Пустата потреба за етноцентризам. На разочарување на Ахмети и ДУИ, демократијата не го прифаќа етноцентризмот како своја компонента. Но што да се прави, кога се нема што да се понуди на граѓаните, понуди им го тоа што веќе тие го имаат – нивниот етнички идентитет.

А што ако некој својот етнички идентитет не го става на пиедестал? Етничките Албанци во Македонија се и работници, и жени, лгбт, има и студенти, плаќаат исти даноци и ги користат истите услуги како и сите други граѓани. Постојат и етнички Албанци на кои политичките погледи кон светот им се лево ориентирани. Зошто тие би избрале друга политичка понуда, само затоа што таму има луѓе од нивната етничка припадност?

А имајќи ја на ум целата политичка криза и општествена деструкција изминативе години, сега е најповолниот момент за рушење на сите бариери и поделби и обединување во една Македонија еднаква за сите граѓани. Токму СДСМ покажа дека не припаѓа на етничка заедница или одредена група на луѓе, туку на сите граѓани подеднакво.

Ахмети и ДУИ се сè она против кое што трвдат дека се борат. Тие не се за интегрирање на македонските Албанци во општествениот живот на државата во која што живеат, туку за нивна сегрегација и гетоизирање во целосно одвоени по етнички спектар животи, населби, партии и сè друго.

П.С. Социјалдемократскиот сојуз никогаш не го побарал мојот глас или на моето семејство, а секогаш го имале, поради тоа што во таа политичка опција сум/сме препознале потенцијал за сè она во што веруваме дека треба државата да е.

Фејсбукс статус на Луми Бекири