Ахмети го информирал Бејли за групи кои сакаат несигурност и непредвидливост на земја

0
1242

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), денес во резиденцијата на американскиот амбасадор во Скопје разговараше со амбасадорот Џес Бејли за изборниот процес и ситуацијата создадена по изборите во земјата.

„Ахмети зборуваше за ставовите на ДУИ во однос на придонесот за стабилност и безбедност во земјата и сигурност на граѓаните и ја истакна важноста на Рамковниот договор, но и јазична и економска еднаквост, реформи и владеење на правото, како и Од партијата додаваат дека Ахмети истакнал дека сите достигнувања во изминатите 15 години во земјата се реализирани во соработка со меѓународната заедница, вклучувајќи и разрешување на кризата, па затоа ова стратешко партнерство на ДУИ со американските сојузници ќе продолжи во духот на исполнување на заедничките интереси, полноправно членство во НАТО и ЕУ.

„Претседателот Ахмети, исто така зборуваше за одредени групи кои сакаат несигурност, геополитичка нестабилност и непредвидливост на земјата и ги увери нашите пријатели дека ДУИ е посветена на одржување на стабилноста, стратешка определба на земјата и партнерство со Брисел и Вашингтон“, стои во партиското соопштение.

Соговорниците се согласиле да го продолжат дијалогот во наредните денови.