АФЕРА ТРАНСПОРТЕР – КОШМАР за Талевски: Криминалот од 360 илјади евра не може да биде предмет на помилување од Хорхе, Двојче ќе треба лично да си ја надокнади штетата!

0
1404

Обвинителката Фатиме Фетаи на прес конференција објави злоупотреба на буџетски средства за превоз на ученици од средните и основни училишта во Битола. Новата истрага е со име „Транспортер“.

Ова рече има штетни финансиски последици врз буџетот на РМ, и врз сите граѓани. Општина Битола плаќала на превозни компании за превоз на учениците поскапо од градоначалникот на Токио. Вклучени биле многу превозници како Хера турс, Џемс турс, Турист превоз.

„Ова е правено со повеќе превозни организации и направена е штета на 22 милиони 24 илјади денари или околу 360 илјади евра за две учебни години. Инволвираните, градоначалникот на општина Битола и претседателот на Комисијата за јавни набавки и соспственикот на консултантско-сметководствено биро, сториле дејство спротивни на законите. И министерот за финансии тоа го признава во прислушуваните разговори“, рече Фетаи.

Помилувањето не ја опфаќа имотната корист и затоа финансиската штета ќе биде за Талески. Против него се водат и други истражни дејства, за кои не е помилуван од претседателот Иванов.