АУУУ ЧОВЕЧЕ КАКОВ УЛТРА ШОК ГИ УДРИ ВМРОВЦИТЕ – Меркел: Ќе ја заложам сета своја политичка тежина да се одреди датум за Северна Македонија

0
4689

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска од Брисел се заложи дека ќе стори сѐ за одредување датум за почеток на преговорите Северна Македонија за членство со ЕУ до октомври и порача дека во прашање се неколку недели, јави дописничката на МИА од Брисел.

Одговарајќи на прашање на МИА на крајот на дводневниот самит на лидерите на Европската Унија, за тоа дали може да гарантира датум за преговори, откако одлуката беше одложена до крајот на октомври, Меркел изјави дека лидерите на ЕУ вчера разговарале за Северна Македонија.

„Ќе направам сѐ што можам за да се донесе таа позитивна одлука затоа што Северна Македонија направи примерна работа со Преспанскиот договор, одлична работа, и разговаравме за ова вчера. Станува збор за неколку недели, навистина, но нашата заложба стои и што се однесува до мене ќе ја заложам сета своја политичка тежина за ова, рече Ангела Меркел.