ПИШТЕЊЕ И ВРИШТЕЊЕ НА ЈАНУШЕВ, МИСЛЕА ДЕКА ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ШУТКА : Насилното преземање на предметите од СЈО е криминал

0
1448

Постапувањето на јавниот обвинител по наредба на лице притворено за тежок криминал и злоупотреба на службената положба е невиден преседан и е дополнителен удар врз правниот систем, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, во врска со презмањето на предметите на СЈО од страна на Републичкото јавно обвинителство.

-Насилното преземање на предмети од СЈО надвор од закон, по наредба токму на истото лице кое е осомничено дека ги злоупотребувало токму тие предмети за политички притисоци и изнуда на пари ќе креира анархија. Катица Јанева го уценуваше ВМРО да и даде поддршка за криминогеното работење, а за возврат нудеше прекинување на постапките, што говори и за мотивите поради кои тие се отворени – рече тој.

Јанушев обвини дека СЈО потрошило скоро 15 милиони евра во нивното досегашно работење, и дека земале од по 5.000 евра само за да, како што рече тој, отвораат предмети кои би служеле за уцена и изнуда.

-За ваков криминал мора да се одговара, а не да се бара нов незаконски начин како истиот да продолжи. Доколку сакаме правда и правна држава, ваквите злоупотреби на системот мора да престанат и да бидат санкционирани, а не само да ја сменат формата и амбалажата, а во суштина да останат исти. Јасно е дека зад овој криминален концепт стои Зоран Заев. Зоран Заев е главата на криминално – рекетарската банда која го штити и промовира криминалот – рече Јанушев.