АУУУ ВАКВА ЧВРГА НЕ СТЕ ВИДЕЛЕ, ГЕРМАНСКИ БЕРЛИНЕР ЦАЈТУНГ ГО ЗАПУКА ПАСТИРОТ ПО ТОА ГЛАВАТА КОЦКЕСТА ДИКТАТОРСКА : МАКЕДОНИЈА СТАНА КАКО ЕГИПЕТ И БЕЛОРУСИЈА И СЕ ДВИЖИ КОН ЦЕЛОСНА ДИКТАТУРА!

0
1447

Германскиот медиум Берлинер Цајтунг во своето електронско издание упати жестоки критики кон Македонија и кон премиерот Никола Груевски посочувајќи ја како држава која се претвора во режим и држава која се повеќе наликува на режимот во Египет и Белорусија. Текстот е преведен од Берлинер Цајтунг и ви го претставуваме во целост :

gruevski

Скопје – Во земјата кандидатка за влез во ЕУ, Македонија нештата се одвиваат слично како во Белорусија или Египет. Секој кој што ќе им достави информации за борба против корупцијата на надлежните во ЕУ, се соочува со можност да добие висока затворска казна.- пишува германски Берлинер Цајтунг.

– Во едно темно септемвриско утро, во 4:30 наутро некој силно тропна на вратата од фамилијата Диневски. Штом неговата жена ја отвори вратата, се втурнаа десет тешко вооружени специјалци во нивниот мал стан недалеку од центарот на Скопје. Тајни агенти пребараа сѐ но не најдоа ништо. “Откако тие после девет часа не пронајдоа ништо” – вели еден близок роднина – “сепак го зедоа Александар со нив”.

Тоа се случи на 16. септември 2013. Оттогаш 55-годишниот активист против корупција се наоѓа во надгледуваниот истражен затвор во Шутка. Неговото семејство се плаши од тоа дека тој би можел да биде првата жртва што би платила со својот живот од многуте политички затвореници во земјата. “Тој е астматичар и итно му треба кислород” – вели еден еден негов близок. “Верувам дека тие сакаат да го остават да умре” – вели друг негов неименуван роднина. пишува германскиот портал за контроверзното апсење на Александар Диневски

Слично како во Белорусија или Египет

Во земјата кандидатка за влез во ЕУ, Македонија нештата се одвиваат слично како во Белорусија или Египет. После краток процес, на 6. октомври 2014 Диневски беше осуден на четири и пол години затвор. Сторено дело: заедно со поранешниот директор на Агенцијата за перење пари, поранешниот полицаец со пари за поткуп, собирал документи за продажбата на македонскиот Телеком и му ги предал на еден новинар. Уште во 90-тите Диневски ја напуштил полициската служба затоа што не можел натаму да ги поднесува постојаните притисоци од политичките кругови.

Пресудата беше доставена дури минатиот петок – четири и пол месеци после нејзиното објавување. Секој кој што ќе им достави информации за борба против корпупцијата на надлежните во ЕУ, се соочува со можност да добие висока затворска казна. Политичката потчинетост на правдата беше потврдена со тонски снимки, веќе објавени од опозицијата.  Во еден од прислушуваните разговори, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и тогашниот министер за правда отворено договараат пресуда на Уставниот суд. Како средство за влијание требала да биде една судијка од Советот за избор на судии. Во друг разговор, шефот на тајната полиција и министерот за правда се договараат за именувањето нови судии. “Вашата партија има веќе доволно влијание врз други судови” – аргументирал шефот на тајната полиција Сашо Мијалков. – се вели во Берлинер Цајтунг

Последната проопозициска телевизија затворена во 2011-та

 Дека корупциските скандали се веќе насекаде познати, веќе се подразбира само по себе. Своите сознанија за корупцијата во Телеком, Диневски му ги предал на еден блогер, кој веќе со години живее во Србија и јавно ги објавува на својот портал burevesnik.org, а кои што не можат да се пренесуваат преку медиумите во земјата. Последната проопозициска телевизија беше затворена во 2011тач во светскиот ранкинг на Репортери без граници, оваа земја кандидатка за членство во ЕУ во делот слобода на печатот е рангирана зад Конго и Таџикистан, на 117то место.

Македонија лесно се извлече со нејзината тешка состојба со човековите права, бидејќи ЕУ во Скопје падна во стапица.  Шеста година по ред, ЕУ комисијата препорача почеток на преговори за пристапување кон ЕУ. Секој пат Грција ставаше вето поради спорот за името. Така беше секој пат запрена Препораката од ЕУ комисијата: последниот октомври, ЕУ службениците констатираа огромни назадувања во демократскиот развој и изразија загриженост “за зголеменото политизирање на власта и контролата врз медиумите” како и “селективна правда”. Сепак Брисел не ѝ ја одзеде Препораката на Македонија. Постоеја стравувања дека на таков начин Грција би победила и дека ЕУ трајно би изгубила секакво влијание врз оваа мала земја. – пишува Берлинер Цајтунг

Screenshot_4 Screenshot_5 Screenshot_6