„Ауди“ влетало во полициски конвој на Партизанска – тешка сообраќајка во која се повредени 8 полицајци

0
1756

Црвено ауди со скопски регистерски таблици со голема брзина влетало во полициски конвој, кој се движел во правец Центар-Ѓорче Петров.

Засега, информациите велат дека се повредени 8  припадници на полициската единица, кои со возила на Брза помош биле префрлени на скопските клиники. Овој инцидент се случил по завршувањето на прославата на плоштадот Македонија, каде поддржувачите на клубот „Вардар“ ја прославуваа победата на Европското првенство и е трет за оваа вечер.