(Аудио) : Урко здробил од ќотек припадник на Волците!

0
1504

2FD89F5C700D94419C16F05597CC27AF

Лидерот на СДСМ, Зоран заев, денеска на прес конференција објави снимки, за кои рече дека се меѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер и Јанкуловска и Сашо Мијалков, од кои, рече се гледа се гледаат лицата кои од насилни хирови или политички неистомисленици ја убиваат нашата иднина.

„Имаме работа со непресметливи луѓе во службите на Груевски. Лично шефот на обезбедување на Груевски, Урко командува со полициски и параполициски сили. Ќе видите колку Урковци има меѓу чесните припадници на безбедносните сили. Протуѓер и Јанкуловска разговараат како оригиналниот Урко скршил од ќотек 20 припадници на езбедносните сили, како еден од Волците однел во ВЦ и го здробил од ќотек. Друг Урко шверцувал нафта во училиштата. Груевски го има Урко, а Мијалков го има Утка. Ни ОБСЕ не успеале да го тргнат Утка, кој бил локален шериф на локалните избори во Струга“, рече Заев.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=2dT_XcgWlTc[/youtube]

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протугер

МП: Ало.
ГЈ: Еј, кажи бе Мартин.
МП: Знаеш ли што направил пред три дена овој…
ГЈ: Кој?
МП: Па најмногу што го збориме…Хммм.
ГЈ: Таткото? А не, Хммм… ха, ха. Е шо?
МП: Таму навредиле некој негова блиска личност на врата, сакала да влезе, ја навредиле. И овој идење со екипа, 20 души, вадење цел персонал. Вадење вратаритее, дробење од ќотек. Врзување со лисици за дрвото пред клубот.
ГЈ: Цццц, лелееее. Како бе така?
МП: Да, да, да, да.
ГЈ: Што збориш бе? Ова знае некој за ова?
МП: Прашање на време е, кога ќе се расшири низ градот.
ГЈ: Лелееее.
МП: Низ цел град се збори више. Да. Го фатил, овој нашиов го фатил тој таму најгласен што бил во навредите, во ова, го однел у WC, и го здробил.
ГЈ: Лелеее.
МП: Значи тој е здробен.
ГЈ: Добро бе, како…
МП: А тие, тие од волците биле, тие што, од противничката екипа.
ГЈ: Тепаниве?
МП: Да, да.
ГЈ: Цццц.
МП: Да го знаеш ова ќе…
ГЈ: Да мислам како да се вадам, ха, ха, ха.
МП: Да, не го кажувај…
ГЈ: Кога ќе ме заплескаат.
МП: Да, вчера ми кажаа мене…
ГЈ: Лелелее.
МП: Пред три дена било, така рече.
ГЈ: Катастрофа. Ќе се дознае тоа, што. Штом толку луѓе се инволвирани, ќе се дознае.
МП: Да, да, да.
ГЈ: Со која интелектуална структура имаме работа.
МП: Катастрофа, тоа е. Ај ќе те барам после.
МП: Добро, ние имаме и друг човек што се занимава и со други работи. Шверцува нафта, овдека од обезбедувањето е исто.
ГЈ: Е тоа не знам. Ха, ха.
МП: Да, да.
ГЈ: Уште…до таму не стасаа…
МП: По школи носи цистерни нафта, па наместо 3 тона, 5 тона…
ГЈ: Лелеее.
МП: 1 тон им носи, му потпишуваат под присила дека примиле 3 тона. Све има.
ГЈ: Мислам дека ова со пајакот е…
МП: Пајакот е ситна работа.
ГЈ: Незначителна. Ха, ха. Не па баш заради тоа, да не го зборат него за ситната работа, за сметка на некој што…
МП: Што…да, да, да, да не го изедначуваат.