АУДИО: Слушнете како Виктор Цветковски се улизува кај Гоца и како одработува за ВМРО-ДПМНЕ

0
976

cvetkovski-jankuloska

СДСМ во Куманово објави разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Виктор Цветковски за кој посочија дека е доказ како тој работел за ВМРО-ДПМНЕ.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=K8QkC9LjSdg[/youtube]

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Виктор Цветковски 

ВЦ: Оваа целата работа ќе се истера како што треба, не ми сметаат они, дури малку влеговме и пофронтално, на начин како што се договоривме, во делот на нашите штабови и така натаму. Се е како што треба и…

ГЈ: Како, како ти изгледа на тебе пошто си на лице место, колку од вашиве може да ги очекуваме, оти реално има луѓе што знаеш…

ВЦ: Ааа,

ГЈ:… ти не можеш да ги исконтролираш, сме праеле муабет.

ВЦ: Вчера, значи вчера со Мирко се видовме. Онака случајно значи, и се договоривме да ни дадат можност, таму имаме од овие што се раселени едно-друго да ги развезуваме. И тоа ќе се организираме таму.

ГЈ: Е па добро, супер.

ВЦ: Значи ние имаме бројка што ја контролираме таму, што се покажа како точна и кога беше првиот круга за нас и мислам дека сега ќе ја повториме. Е сега во делот мислам дека ќе се држиме на оние бројки што ги дадовме и мислам дека ќе успееме и максимумот да го извадиме, знали околу 2. Е сега она што го зборевме од 1.500 до 2.000 ќе се стремиме ние максиумот да го извадиме.

ГЈ: Да де да. Мислам таков ви е коректен пристапот и ние по избирачките места малте не, требало веќе да знаеме кај се тие.

ВЦ: Ние ги извадивме, отприлика може да, дури и проценки правевме каде не би можеле многу, каде би можеле…

ГЈ: Да де да, вие си ги знаете луѓето.

ВЦ: Така да, јас и на Кире му споманв, исто и на тебе ако имате потреба или чувство дека треба да се видиме уште еднаш, пред петок-сабота, ние може да се видиме, нас не ни пречи.

ГЈ: Па можда не е лошо да сумираме вака, знаеш…

ВЦ: Исто од прилика може преглед да направиме, да се направи…

ГЈ: Да де да, последна математика што се вика.

ВЦ: Да де да, да видиме како, што има…

ГЈ: Е па ај јас да видам и со Кире, како е и он со обврски па ќе се пречуеме. Не е лошо вака блиц една средба да се видиме.

ВЦ: Нема, што викаме довербата се гради…

ГЈ: Да де.

ВЦ: …коректно да направиме…

ГЈ: Па гледаш ние многу отворено, таму кај што не сме до крај сигурни кажуваме: слушајте луѓе до овде можеме, мислам само со таков чесен пристап може да се договориме.