(Аудио) Сите снимки од најновата „бомба“ на СДСМ: Слушнете за освети со лустрација, рекетари, банди, изборен криминал во Битола

0
1244

Деветнаесетта „бомба“ на СДСМ, односно најновата група снимки од прислушкувани разговори денеска во Битола ги обелодени Васко Ковачевски, претседателот на Општинската организација (ОО) на СДСМ во Битола.

kovacevski bt

Објавувајќи еден од досега презентираните разговори и голем број нови, кои се однесуваат на местењето на изборите во Битола и за партиските кадри кои треба да бидат вработени, ама и за тоа како е поделено „подземјето“ во Битола и како треба да се дисциплинираат непослушните бизнисмени, Ковачевски порача дека Битола се вклучува во враќањето на демократијата и правдата во Македонија.

Ги пренесуваме аудио снимките и транскрипт од истите кои беа презентирани.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=f4C8PTDa4ko[/youtube]

1. Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски

ГЈ: Ало?
ЗС: Горде шо праиш?
ГЈ: Еве вести.
ЗС: Добро.
ГЈ: Ти?
ЗС: Еве, ја сега пошто завршив пред 15 мин, дојдов у канцеларија и продолжуем накај дома. Се изнервирав дополнително со ова копилево од Битола Владо Талевски, пичка ли му матер.
ГЈ: Шо бе Зоки?
ЗС: Абе ни напраи скандал со овие превознициве. Ќе ти кажам шо е.
ГЈ: Абе што говеда се значи.
ЗС: Беше направена ситуацијата. До 2010-та до јуни, склучен е договор со Транскоп, коруптивен до даска, у кој што по поединечен ученик договорените цени му се повисоки 10 пати повисоки отколку после тоа, отколку денес шо важат цените со приватни превозници се договорите. Значи советов у 2010-та од опозицијава овие му извршиле притисок да ги смени тие договори и он распишува тендер, кај што приватни превозници се јавуваат…
ГЈ: Да де, тендер. Кој бил најефтин, тој.
ЗС: … и цената ја спуштаат во однос за 1 спрема 10 на некои места, негде 1 спрема 5, негде 1 спрема 3.
ГЈ: Да де да.
ЗС: И копилево место да си го покрие криминалот, напукал, пошто долгот до 2010-та отприлика е, кон Транскоп, отприлика е 36 миљони денари и 22 миљони кон приватниве. И сега бара преку ЗЕЛС, прво со поддршка од Коце се разбира, да ние му ги покриеме долговите.
ГЈ: Коце за сите такви матни работи дава поддршка. И само да те намести.
ЗС: Испратив луѓе таму. Како второ значи, има на сметката негова, на редовна сметка 60 миљони денари и на сметка за дотации кои што се наменети за исплата на плати и на материјални трошоци 16 миљони, откако веќе ги исплатил платите, вишок има цело време 16 миљони денари. Шо значи он може да го затвори главниот дел од долгот со таа сметка да ги плати. Место тоа да го напраи, он му врши притисок на Панче, прво ги пушти превозниците на прес, пази. И даде изјава…
ГЈ: Да да, глеав тоа, да.
ЗС: … на медиуми дека министерството за образование за финансии малце му давале пари. А кој се овие луѓево шо се превознициве се наши. Значи, за да излезат на прес, не излегле случајно. На негово барање.
ГЈ: Да де да. Тие и работата случајно не ја добиле.
ЗС: А у меѓувреме едно 50 СМС-и до шефот имаше испратено претходно уште. И му реков, нели завчера коа беше у Влада нејќев ни да го погледнам.
ГЈ: Да, да, да.
ЗС: И му реков на Панче ти јави му се, оти ја ако му се јавам ќе му ебам мајката, не можам да се воздржам на телефон. И сеа и на Кире Божиновски му се јавував да му изврши притисок, пошто копилето игра крајно прљаво. Значи тој е, тоа е… Кај што е неспособен, уште тежок криминалец, ама и перфиден актер она, глумец.
ГЈ: Епа тоа му е професија. Тоа сакав да ти кажам. Добар глумец е.
ЗС: Лигле.
ГЈ:. Значи блефер, професионален е. Другиве блефираат, ама така приучени, ама овој е професионалец, професија му е тоа.
ЗС: Да де да. Копилиња, со такви се занимаваме…
ГЈ: На толку помош.
ЗС: Значи малце ли се тепам у Собрание со сите, од комуњариве, сега и на толку помош што му е дадена, копилето пази нас ни праи прес, ми праи он мене.

2. Разговор помеѓу Миле Јанакиевски и Зоран Илиоски

ЗИ: Мислам не е уште страшна работата, меѓутоа, поарно…малку се чудев, кога ми ги кажаа мене бројките уште не ми е јасно да ти кажам, не ми влегва в глa.
МЈ: Абе тие се бројките, па ти. Нема што да се чудиш, не ќе те лажи Кире.
ЗИ: Далеку од тоа дека ќе ме лажи, мислам ниту сумњам, меѓутоа пример пред два месеци…
МЈ: Абе, слабо Владе има изработено шо се чудите луѓе.
ЗИ: Не, знаеш што е Миле муабетот. Пред два месеци беше 48 насто за него, сега 35.
МЈ: Ами почна кампања, анкета.
ЗИ: 13 % за 2 месеци пичка му матер надолу.
МЈ: Е шо праеше Владе во овие два месеци!? Ништо. Јас не го видов еднаш да излези.
ЗИ: Абе, добро ако земиш така прашањето е и во четирите години шо беше, туку нема везе, ајде.

3. Разговор помеѓу Владимир Талески и Влатко Мијалков

ВТ: А бе смејурија сме, знаеш како…
ВМ: Сегаде, а?
ВТ: Ауу, смејурија. Оној Бранко кутриот, не знае главата кај му е. Донесен од Демир Хисар, нема појма што се случува.
ВМ: А брат му?
ВТ: Овој користи гужва. Кире катангата користи гужва, а бе смејурија, место да работат на терен тие а бе секој 15 дена инспекција ми пуштат Влатко.
ВМ: А брат му?
ВТ: Кој брат…, Ефто!? Абе ти знајш кој е Ефто?
ВМ: А?
ВТ: Тој ги води чкембарите и го води ракометот. И вака прај од Влатко Чинго зема 3.500.000, од Циле зема пари, кај нас ги уценува советниците да му даваме од Општина пари и никој жив не знај колку пари има, а ракометарите плата немат. Е таква е ситуацијата. Тоа е, тоа е со нив.
ВМ: А он работи на царина Ефто?
ВТ: Aуууу тој е главен, главен галамџија, на царина можиш да замислиш..па да бе, тој кај вас е да да.
ВМ: Он на полиција, он на царина, абе тие опасни браќа.
ВТ: Абе опасни ама знаеш како да се на место не е проблем, ама малце таму знаеш како имаат краток спој во мозокот…
ВМ: Ха ха ха.
ВТ: озбилно ти викам. Абе ај ние ги трпиме човече, ај да не праиме гужва ама стварно ја претераја работата. Мислам знајш како вие можи да си проверите и службено ама не не личи, ни го рушат рејтингот знајш како да ти кажам, лицето ни го рушат. Не можи сега Кире катанга со уцени сега добива награди таму, па мене ме местат јас му давам награди. Нема везе советот ги дели тие награди.
ВМ: Леле, леле, леле. Ха ха.
ВТ: Абе Бог да чува рекетари првокласни.
ВМ: Леле, леле, леле.
ВТ: Озбилно. Таква е ситуацијата. Гордана шо вика? Ги познава?
ВМ: Па не праевме за нив муабет.
ВТ: Е па напрајте идниот пат, спомнете, видете. Мислам стварно греота, знаеш 100.000 град сме од полиција нема „п“ тука. Пола од таксистиве на диво шо возат се на полицајците колите. Не можиме контрола да напрајме.
ВМ: Леле, леле, леле.
ВТ: Ние ќе најавиме контрола, на мобилен им кажуваат се шо е диво такси се трга и на терен немаш ништо.
ВМ: Леле, леле, леле.
ВТ: Значи катастрофа е најискрено знајш, ние покриваме толерираме ама знаат луѓево знајш, не е веќе за криење.

4. Разговор помеѓу Владимир Талески и Влатко Мијалков

BM: Знам дека не се тие саглам луѓе.
ВТ: Не се, не се, стварно не се.
ВМ: Едно време беа под лед, за малце ќе му се скинеше главата ама како успеаваат да се извлечат, тоа..
ВТ: Абе во сите гадни приказки се замешани, да знаеш. Во градот во гнасните приказки тие се. Тоа е. Дрога – тука се, други глупости тука се. Нешто хуманитарци па почнаа да изиграваат во последно време.
ВМ: Аман бе!
ВТ: Па да. Хуманитарци нешто, кумови на празници нешто. Имаат некој план децата, меѓутоа она на Фејсбук држат една мала група луѓе, ги побудалеа луѓево со Фејсбукот.

5. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Владимир Талески

ВТ: Ало.
МЈ: Владе?
ВТ: Е кај си Миле.
МЈ: Абе овај Марди му праи многу проблеми.
ВТ: Каде бе?
МЈ: Во Радовиш.
ВТ: Марди а? Шо да напраиме со него?
МЈ: Како стоиш со него? Знам од Битола е тој нешто…
ВТ: Како?
МЈ: Знам дека имаше во Битола нешто, погони, не знам што имаше…
ВТ: Абе има се тој нас не уценуваше ние се замеривме со него да ти кажам право.
МЈ: За што?
ВТ: Абе оној кружниот тек коа го праевме во Битола, таму имаше еден дел мораше да влезиме од земјиште од Јавор, тој Јавор го купи… И, имаше некои објектчиња таму лево десно и не уценуваше милион евра ни бараше. Абе Блажо викам, ти не си нормален зошто да ти дадеме милион евра? И се тужевме се судевме и од тогаш не се појави. Изгуби на суд, знаеш, и не знам со него шо да правиме, тој со Народна е Миле. Знаеш дека е со нив?
МЈ: Ти се јавувам да видам како стојат работите инаку ќе му е.еме мајката знам ја шо ќе му праиме. Ќе го затвориме.
ВТ: Но мора нешо да напраиме. Со УЈП нешто да видиме а?
МЈ: Многу има вработено пи.ка му мајчина
ВТ: Многу луѓе има ама луѓето нека си работат што… така? Еве Велија си седи ваму луѓето си работат нема проблем шо…

6. Разговор помеѓу Владимир Талески и Влатко Чингоски

ВТ: Кај си Влатко?
ВЧ: На работа ти кај си?
ВТ: Еве овде кај споменикот на бранителите денеска има нешто од овие Вејце ваму – таму…
ВЧ: Да ти зеам две три секунди може?
ВТ: Можи, можи, можи, еве настрана сум.
ВЧ: Значи види вака, сега кај мене е Силјан…
ВТ: Добро…
ВЧ: Ми кажа дека имало некоја можност не знам, ти веројатно подобро знаеш пошто си од таму, имало една група на луѓе што живееле на улица Гоце Делчев во Кравари…
ВТ: Добро…
ВЧ: И тие исто така можеле да гласаат на улица Гоце Делчев ама Ѓени маале во Битола.
ВТ: Аха аха аха
ВЧ: Дали знаеш за нешто такво?
ВТ: Не.
ВЧ: Порано го праеле ги праеле тие тоа
ВТ: Е сега ќе проверам. Гоце Делчев…
ВЧ: Преку 20-тина луѓе значи биле, гласачи така што можеле да го средат тоа
ВТ: Аа
ВЧ: Значи една жена таму што ја знае овој као го викаат Силјан…
ВТ: Добро
ВЧ: Таа на последните избори преку 20 однесла, значи појќе од 20 се таму…
ВТ: А чекај тие Влатко тие контра нас гласаат?
ВЧ: Не бе за нас гласаат
ВТ: Е па нека одат и таму и таму шо
ВЧ: Е па за да одат и таму и таму да организирате
ВТ: Добро готово
ВЧ: А може ли женава да се види со Владе да му каже шо и како е, ево ќе ти организират тој, таа жената што го напраила тоа во 2009та, да те видит тебе или некој шо ти ќе го одведиш да објасни како го напраиле тоа па да напраиме за појќе луѓе
ВТ: Добро
ВЧ: Ето така Владе
ВТ: Слушај, Влатко..
ВЧ: Кажи, кажи…
ВТ: Вака значи јас сеа ќе бидам со Антонио, до 11 сато Циле го има мојот број, нека и го дајт бројот на жената
ВЧ: … да те бара
ВТ: Нека ми пушти порака мене жената да се видиме во текот на денот
ВЧ: Добро готово сеа ќе му кажам…
ВТ: Значи тоа би било после 12. Го има Циле број мој, е така.
ВЧ: Важи го има го има сигурно, јас ќе му го дам ако го нема ќе го поздравам…
ВТ: Поздрави го и ќе биде во ред, важи
ВЧ: Ајде
ВТ:Поздрав Влатко поздрав…

7. Разговор помеѓу Влатко Чингоски и Силјан Мицевски

ВЧ: Слушај вчера бев ваму и ми дадоа некое ливче со имиња, кај тебе шо работат и кои не се сигурни за гласање. Па да…
СМ: Абе кој нема сите ќе ги избркаме кажи кои се тие и готово.
ВЧ: Не не треба да ги избркаш, не треба. Треба да ги убедиш да гласаат, ако не гласаат тогаш ќе ги избркаме
СМ: Абе како не, сите не само тие.
ВЧ: Дообро
СМ: Си имам јас организација напраено таму
ВЧ: Добро значи можда ќе ги викнат твоите луѓе да знаеш
СМ: А обавезно кажи ми ти кои се тие, кажи ми кои се
ВЧ: Има Мирко, вчера беше со мене Мирко, имат списокот да не праам по телефон многу муабет
СМ: Важи, важи.

8. Разговор помеѓу Влатко Чингоски и Мартин Протогер

МП: Ало
ВЧ: Ало
МП: Чинго шо праиш
ВЧ: Добар сум бе на работа ево имав сега ИФЦ сега состанок па чекам да ме викнат од Влада
МП: Да не те закача некој таму?
ВЧ: Не бе кој да ме закача
МП: Хахаха, слушај има некои вработувања таму 12 и ти сеа имаш одбрано некои 9 коишто не се по препорака на партија
ВЧ: Добро, 9 се вкупно.
МП: Па сакав да те замолам ако може овие партискиве, кадрова комисија да ти прати…
ВЧ: Значи вака, ние напраивме некои тестови Мартин овие се многу клучни места од кои двајца се тие што треба да работат за нуклеарна програма
МП: А кај е тоа нуклеарна програма Чинго?
ВЧ: Епа со Пешевски е тоа договорено и со премиерот значи имаме тоа што требаше да работи нуклеарна ќе работи кај нас затскриено за да можеме да го фатиме рокот да не изгубиме две три години
МП: Ај ти прими ги овие па тие понатаму ќе видиме со нуклеарнава како шо, ќе ти прати Гордана списоче едно сега
ВЧ: Мхм
МП: И така, може?
ВЧ: Ама види вака сеа застани. Може, ќе ги примам, ама …. треба да работат луѓето
МП: Ќе работат Чинго нашиве луѓе ќе си работат не се секирај ти, инженери, шо треба таму
ВЧ: Кај шо треба таму ама не работаат, тој шо едниот ми го пушти Славе тој вика да ја сум тука за возни редови за коли за резервни делови
МП: Кој е тој шо го пуштил Славе?
ВЧ: Па тој од како се вика… сеа ќе ти кажам од Социјалистичка партија некој
МП: Од Социјалистичка партија? Сме ветиле сеа, не може знаеш
ВЧ: Ама не може да биде за возен ред мене ми треба за диспечер горе
МП: Ама Чинго таква е работава сеа, знаеш ти сеа партија, не сме сеа од вчера
ВЧ: Ама знам ја ама…
МП: Партија е сеа, некоаш ќе примиш вика некоаш онака
ВЧ: 3 години чекам за овие 9 места. 3 години чекав за 9 места треба да зеам луѓе шо треба да ја работет работава, нека ми даат…
МП: Ќе ја работат работава ајде, не се секирај
ВЧ: Подобро дајте ми уше 9 места други, ќе ги запослам и тие 9 ама дајте ми квалитетни луѓе за ова шо треба да се работи
МП: Најквалитетни ќе најдам… ајде сеа ќе ти прати Горде списоче ти заврши ја работава па ќе се договориме, ајде.

9. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски

КБ: Ало
ГЈ: Шо праиш бе секретаре?
КБ: Добро бе, еве накај Владо идам, ти?
ГЈ: А, јас на работа па нешто да ти кажам се изнервирав, ти пуштив и порака…
КБ: Кој те нервира кажи сеа
ГЈ: Абе ти пишав не знам дали ја виде
КБ: Не, не
ГЈ: …на факултет за безбедност ја избрале за продекан онаа Фросина Ташевска Ременски, таа е член на Совет, не знам за политички односи на СДСМ. Најголем критичар на Владата, на МВР посебно..
КБ: За што ја избрале?
ГЈ: За проректор, продекан. Ама битна позиција е тоа
КБ: Тоа ги бира во самиот факултет така
ГЈ: Да да ама на Жоглев му реков некни, викам не е наша таа..
КБ: А чекај Жоглев е тоа?
ГЈ: Не, види Жоглев е ректор и сеа ректорот треба да ги менаџира тие состојби знаеш..
КБ: Не, одма ќе му се јавам да ја корегира работава…
ГЈ: Знаеш како се изнервирав, друга имаше уше една жена не знам таа може си е океј ништо не му реков за неа, викам оваа е комуњарка најголема. Ја имам мака со неа, такви пљукања Велија коа беше, вакви такви сме биле. Неколку професорки шо ние ги викавме знаеш од кревет ги станувавме да идат у Канал5, ваму таму… значи сеа жениве замолија им реков ќе видиме, ќе зборам, ќе се консултирам во партија и сеа ништо на луѓево и исполнуваат и услови и се, не сме им возвратиле а оваа што искачаше против нас заедно со Слаѓана Тасева не пљука на секој чекор, ние ја праиме продекан у наше време, мислам ми пукна филм, месец дена у Собрание….
КБ: Ццц, пред два дена беше кај мене го пеглав за истава работа да знаеш
ГЈ: Беше кај мене претходно и меѓудругото ми вика Кире ме викна ова, викам тоа терај си, те молам внимавај за ова да не ја утнеме работава комуњаркава да не ни влезе таму, пошо друга е таа позиција со студенти има работа, еее знаеш која е таа, шо ги организира протестиве на криминалистиве пред Влада, шо дава изјави
КБ: Аахаа
ГЈ: Таа е таа една со долга коса со репче… месец дена се расправам со неа у Собрание, пошо комуњариве као експерт ја викаат на собраниски комисии, мислам ми пукна филмот, магаре нека стаи ама она да не е…

10. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

НГ: Ало?
ГЈ: Да?
НГ: Горде, помина ли заклучокот на Томе Аџиев вчера?
ГЈ: Не Претседателе, јас додека бев не помина. Пошто мојата информација беше дека он со Мартин го усогласувал, до мене воопшто не беше доставен.
НГ: Е па џабе денеска го имаме кога нема Влада.
ГЈ: Јас не добив никаков заклучок. Нели требаше они да го усогласат…
НГ: Еве го кај мене е сега, ама што ако е кај мене кога седницата помина.
ГЈ: Ама не…
НГ: Му кажав у понеделник да ми го даде.
ГЈ: Е па што да кажам? Не е страшно, ќе го поминеме следната седница, а во меѓувреме тие што се побитни институции, нели вечер имаме состанок, ние, Архивот…јас ќе се чујам, денес планирав, со двајцава…
НГ: Кажи му: Томе задоцни, речи…И понеделник го утна, и вторник го утна, у среда ми го праќа.
ГЈ: Што…мислам, нас ни е позната таму динамиката, ама без заклучок јас ќе се изјавам кај најбитниве институции. Пошто најбитни се овие 4-5 институции, другите…општини, едно-друго ќе ги буткаме после…
НГ: Океј. Ќе ти го пратам за следната седница да го имаш под Прашања и предлози, исчитај го ти.

11. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Ленче Самарџиевска

ГЈ: Да?
ЛС: Горде?
ГЈ: Ало, кажи Лено.
ЛС: А бе види, ја го барам овој, ама ти си го викнала веќе, не знаев дека…Томе Аџиев. Се утепав ѕвонејќи…. на крај…
ГЈ: Ааа, па ја на сите им се изјавив и му пишав на Премиерот дека им кажав.
ЛС: Ама знаеш јас му викам: кои се овие, што е финтава…гледам запишано ни а, ни б не ми кажа, вика: аа лустраторите викни ги, ова-она. Викам…не знам кои се, појма немам.
ГЈ: А јас па знаеш дека обично ги викаат од кај Трајко Вељаноски и сега, мислам не знаев дека ти си на работа, да не нејќе Премиерот цела Влада да го дознае кој доаѓаат, му пишав порака: Им јавив на сите.
ЛС: Не, му кажав јас сега на Томе, му викам: Ве молам викнете ги, не знам кои…
ГЈ: Да, да..
ЛС: Вика ми се јави мене Министерката
ГЈ: ….си знае…
ЛС: А кој треба друг да дојде? Сега ме прашува Сашо….
ГЈ: Значи треба вака: Томе со таа бандата од кај него, он ќе им каже на нив…
ЛС: Добро…
ГЈ: Зоран Тодоровски, јас му кажав, ама ако, јави му се и ти, не е проблем.
ЛС: Добро…
ГЈ: Сашо и Тони Јакимовски од кај него, Билјана Бришковска и ….
ЛС: Чекај, Тони Јакимовски овој…кој Тони Јакимовски? Од кај Сашо некој?
ГЈ: Тој што му е шеф на Кабинет на Сашо.
ЛС: Добро, Билјана Бришковска…
ГЈ: И јас и Зоран Тодоровски.
ЛС: Значи…
ГЈ: Обично доаѓа и Трајко Вељаноски, ама он е на пат негде у странство.
ЛС: Аха, да. Ти, Сашо, Тони Јакимовски, Билјана Бришковска и Зоран Тодоровски.
ГЈ: Да. И овие лустраторите, тие се друга екипа.
ЛС: Добро.
ГЈ: А за друг пат некогаш ако ти треба и Трајко доаѓа, ама он денес не ти е тука, во странство е.
ЛС: Да ми кажа. Добро, важи Горде, фала ти.
ГЈ: Океј.
ЛС: Ајде, поздрав.
ГЈ: Да, тоа е ја одма ти ја завршив работава…
ЛС: Ха ха, фала, фала.
ГЈ: Ајде, чао Лено.
ЛС: Чао.

12. Разговор помеѓу Антонио Милошоски и Томе Аџиев

АМ: Здраво живо Томе, Антонио Милошоски е на телефон.
ТА: Е здраво, здраво
АМ: Значи јас обезбедив човек да ги напише да ги пополни тие формуларите за едно лице е сега утре каде кого да ги достави на пријавница
ТА: Службите, ќе дојди кај нас ќе ги примат луѓево
АМ: Ќе ги примат?
ТА: Не е проблем
АМ: Бидејќи тој не е, дојде од Кичево потпиша и замина нема да биде во Скопје. Дали може да ги донесе друг?
ТА: Може, зошто да не.
АМ: Може? Епа добро
ТА: Нека му ги дае на Билјана, Билјана ќе ги спроведи во архивата и нема проблем. Ќе му даи примерок дека е примен и готово.
АМ: Да, на Билјана еден примерок да и даде.
ТА: Нека му дае и готово ќе ги спроведе, не е проблем тоа.
АМ: Да, а отворено да ги даде да чукнат во архива дека се примени така?
ТА: Да де да, не е ич воопшто не…
АМ: Добро важи.
ТА: Нема проблем.
АМ: Важи, благодарам, поздрав, пријатно.
ТА: Поздрав пријатно

13. Разговор помеѓу Антонио Милошоски и Томе Аџиев

ТА: Молим
АМ: Томе, здраво живо Антонио Милошоски е.
ТА: Здраво, здраво
АМ: Шо праиш добар си?
ТА: Добро добро еве сега нешто…
АМ: Со полна пареа сега.
ТА: Ха ха ха
АМ: Ха ха ха ха
ТА: Се загреваме…
АМ: Колку шо се може добро е. Денеска бил човеков и ја поднел
ТА: Е па добро, ало
АМ: Ало
ТА: Ало, прекина нешто телефонов
АМ: Аа ме слушаш Томе?
ТА: Да сеа слушам, слушам…
АМ: Значи човекот се вика Живко Туфегџиев, од Кичево е и поднел иницијатива за сомнение за судијата Драги, Драги Билевски од Кичево
ТА: Така
АМ: И многу големи проблеми ни прави, дел од корупцијата во градот…
ТА: Ќе го спроведиме, ќе го спроведиме ние
АМ: Колку шо може побрзо, ќе ни биде покорисно
ТА: Ќе го пуштиме сега веднаш со сите…
АМ: Да. Важи добро
ТА: Така
АМ: Поздрав голем, се најдобро.
ТА: Ајде поздрав пријатно.