(АУДИО) Гоце Б. Чоки со нов хит во светот на музиката под наслов ,,Ти благодарам”

0
1562

Гоце Бошкоски – Чоки е музичко име кое кариерата ја започна пред десеттина години, освојувајќи неколку домашни и интернационални фестивалски награди како наградата „Тоше Проески“ за најдобра интерпретација на „Еврофест 2007“ или истата таа награда на интернационалниот Радиски фестивал „Зеница 2008“ во Босна и Херцеговина…

choki

И кога сите очекуваа неговата кариера да експлодира, Чоки заедно со тукушто оформеното семејство добива иселеничка виза и заминува да живее и работи во САД.Screenshot_15-4

По 7-8 годишна пауза, Гоце Б. Чоки се враќа во родниот Прилеп, каде покрај тоа што е ко-сопственик на семејната локална радиостаница „Чоки 5 ФМ“, и се враќа на музиката настапувајќи со своите колеги Мартин Јанкоски и Љупчо Колевски , како трио насловено: „Гоце Б. Чоки и дуо Свинг“.

choki.bend

Во меѓувреме, тој одново почнува да ја гради и својата солистичка кариера снимајќи авторски композиции. Токму деновиве во етерот ја исфрли својата најнова песна „Ти благодарам“, за која стиховите ги напиша Борче Нечовски, а музиката и аранжманот се авторрско дело на композиторот, аранжер и продуцент, Дејан Момироски.

Како звучи новата песна „Ти благодарам“ на Гоце Б. Чоки слушнете и сами уверете се во неговите извонредни гласовни можности.

Извор : Вистина.Мк