(Аудио + Видео + Транскрит) СИТЕ РАЗГОВОРИ од 24-тата бомба на СДСМ за КЛЕПТОМАНСКАТА БАНДА која од МРТВ и приватните медиуми во Македонија направија ОПШТ ПИЧВАЈЗ!

0
1396

DSC_0111

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,

На почеток, во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое лично име, дозволете најостро да го осудам гнасниот, морбиден, кукавички, безобразен потег врз новинарот Борјан Јовановски и неговото семејство. Да се испрати погребен венец на домашна адреса на претставник на медиумите, професионалец и отворен критичар на загрозувачките општествени тенденции што и се случуваат на Македонија, е црвен аларм за сите свесни и совесни луѓе во нашата држава за лудилото во коешто е влезена власта и обврската што заеднички ја имаме – да го запреме тоа лудило. Од страв дека се фатени во злоделата што ги нанесувале, оваа тесна група на власт се однесува бесно и бидејќи не знаат на друг начин да ги решаваат проблемите повторно се користат со единствените механизми што ги знаат: испровоцирај меѓуетнички тензии и удри по новинарите и неистомислениците.

Бараме, оние луѓе – професионалци во институциите што знаеме дека постојат и се кршат во себе дали да постапат по сопствената совест или да продолжат сервилно да му служат на режимот, да се одважат и да постапат според обврската што ја имаат како граѓани и како професионалци. Мора да бидат откриени нарачателите и сторителите на одвратниот чин кон новинарот Борјан Јовановски и неговото семејство. Сите кои ги знаат и молчат, порачуваме дека се соучесници!

Почитувани граѓани,

Еве, по тоа што ќе го објавиме денеска, ќе стане уште појасно зошто на националниот сервис, Македонската Радио Телевизија не слушнавме ни збор за грозоморниот обид за закана врз новинарот Јовановски и неговото семејство.

Аудио доказите што ќе ги презентираме, ќе расчистат зошто воопшто националниот сервис МРТВ пренесува информации кои немаат врска со реалноста, како избирале новинари кои работат во телевизијата и зошто тие новинари сервилно ја испорачуваат секоја нарачка на Груевски и власта.

Денеска го отвораме пакетот за поклопеноста на медиумите од страна на Никола Груевски и неговите соработници.

Овие снимки ќе ја разобличат и директната спрега на релација Никола Груевски – приватни медиуми. Ќе ја докажат најбруталната недозволива контрола што ја воспоставил Груевски врз газдите на телевизиите Сител и Канал 5, Горан Иванов и Емил Стојменов, синови на коалиционерот на Груевски, Љубисав Иванов Ѕинго и претопениот во партијата Борис Стојменов.

Ќе видите до каде овие сопственици на телевизии се подготвени да се свиткаат пред Никола Груевски, по цена не само на интересите на граѓаните, туку и на сопственото елементарно човеково достоинство – само за да му се додворат и да добијат по некој бизнис. Ќе слушнете како Стојменов и Иванов ги спроведуваат нарачките преку поставените послушни главни и одговорни уредници на телевизиите, Драган Павловиќ Латас и Лидија Богатинова. И ќе видите зошто на Вистината за Македонија и беше проклето тешко да ја види светлината на денот.

Од денеска Вистината за Македонија почнува да им го враќа на граѓаните правото да ја знаат вистината за медиумите, а со тоа и за се што им било одземено како информација.

Ќе почнеме со државната телевизија, за којашто сите граѓани плаќаат радиодифузна такса и по закон мора да обезбеди објективно и непристрасно известување, но наместо тоа е претворена во уште еден штаб на Никола Груевски.

Во првиот сет разговори ќе слушнете како кај Јанкулоска постои списоче не само за судии туку и за кадри во МРТВ, договорени лично со Никола Груевски. Овој човек, премиер, поставувал дописници на МРТВ во Вашингтон и Атина. Ќе слушнете разговор меѓу шефот на Кабинет на Груевски, Протогер и Гордана Јанкулоска што открива дека предлозите за новинари во МТВ доаѓале од општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе видите како оваа сурова власт се однесувала кон новинари на А1, што ги остави на улица откако ја затворија телевизијата – како тие луѓе на кои им ја одзедоа егзистенцијата, преку “баци рака“, како што се изјаснува Мартин Протогер се примани во МРТВ. Ногата на власта нагазила длабоко во МРТВ до вработувањето новинари во спортската редакција. На крајот од овој разговор ќе слушнете за банкротот на Радио Гостивар и налогот на Груевски кон Јанакиески случајот да се “разбуричка“ и радиото да заврши во рацете на Унијата на млади на ВМРО-ДПМНЕ.

Еве го првиот сет разговори.

(Сет 1)

Има уште многу материјали за Македонската Радио Телевизија, за линковите на уредниците со власта и контролата на власта врз националниот сервис. Јавноста ќе има можност се да дознае во периодот што следува.

Вториот сет разговори го открива диктатот на власта врз приватните телевизии Сител и Канал 5.

Станува збор за најдиректни нарачки: Протогер бара од сопственикот на Канал 5, Стојменов, телевизијата да не пренесе Анкета направена од Дневник, што не и е од корист на власта, Протогер нарачува кај Стојменов да се тргне ставот на Денко Малески што го снимала главната уредничка Богатинова, а Емил послушно уште прашува “кого треба уредничката Богатинова да викне“?! Ќе слушнете како Протогер нарачува кај Стојменов да биде преземено интервју на Нетпрес со лицето Магаш, познат, ако се сеќавате по конструкциите во неговите изјави против опозицијата. Ќе слушнете како Мијалков одлучува кому ќе даде информација за некој настан, па во овој случај решил да го “чести’ Латас со “ексклузива“. Ќе слушнете како по нарачка на шефот на Кабинет на Груевски, Протогер, провладиниот весник Република мора да се набавува и да се дели на вработените во државните институции што е класичен доказ како Груевски за сопствени интереси ги троши парите на граѓаните ставајќи ги во џебовите на газдите на медиуми – послушници. Во овој блок ќе имате можност да слушнете дека и самите сопственици и уредници на овие полтронски телевизии се свесни каков е нивниот производ, па со навредливи зборови ги нарекуваат нивните гледачи. Но ќе слушнете и признание од министри во власта, какви наводни новинари одработуваат за власта и дека Миленко Неделковски на пример, според Ставрески “Хоштаплер тежок е, требаше да заврши во затвор“. На крајот од овој сет разговори почитувани граѓани ќе слушнете до каде отишла забеганоста на Груевски. Никола Груевски не само што нарачувал текстови на насловна на провладиниот весник Вечер и тоа против свој бизнис партнер, Орце Камчев, туку и замислете самиот го напишал. За тоа следува и благодарница за Ивона Талевска, Латас и сопствениот Горан Иванов.

Еве го вториот сет разговори.

(Сет 2)

Сето ова почитувани граѓани, сопствениците на овие телевизии и нивните главни уредници го правеле за пари. Ја заборавиле обврската што ја имаат кон граѓаните, да ги информираат објективно. Се пазареле со власта за некој тендер, за да извлечат глава од незаконско работење, во што Груевски со соработниците помагал.

Во следниот сет разговори: Сопственикот на Сител, Горан Иванов лобира кај Миле Јанакиески за повисока зграда за Социјалистичката партија во Тафталиџе, иако граѓаните реагирале на овој потег. Иванов договара со Јанакиески и како да му помине тендер во Кратово на кој се пријавиле со повисока цена од условите на тендерот. Ќе слушнете како Латас договара свои бизниси на сметка на телевизијата, трампа бетон што му треба за да гради за реклами во Сител и рекетира фирми и луѓе, за да не објави нешто против нив.

Ќе слушнете како длабоко се заплеткани врските власт – медиуми и зошто тврдевме дека станува збор за злосторничко здружување. Горан Трајковски од УЈП му помагал на Латас како да постапи со една од неговите фирми, станува збор за фирмата Тотал,  којашто има големи долгови. Како директорот на УЈП кој стави клуч на врата на А1 телевизија, Горан Трајковски замижал и за работењето на Стојменов за коешто работниците на УЈП нашле забелешки и по налог на Груевски Трајковски се согласил “записникот да биде направен“ според забелешките што ќе ги напишеле правниците на Стојменов од нивниот семеен Консалтинг. Ќе слушнете и признание на Стојменов дека само за една фактура за испорачани услуги кон власта, треба да плати данок од 400.000 поради што бара помош од Протогер, што покажува со колкави суми пари Груевски корумпирал медиуми за лични и тесно партиски цели. На крајот ќе слушнете како главниот уредник на Сител ја сместува жена му по директна интервенција на Груевски со измама, на сметка на друг човек, во претпријатието ГАМА, на позиција со плата од 1000 евра. “Груевски го реши во 5 минути“ гордо се фали Латас на Иванов.

Еве го третиот сет снимки.

(Сет 3)

Следниот сет разговори почитувани граѓани ќе ви открие дека овие газди на телевизии, Иванов и Стојменов, како лист се тресат за власта на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, по се што слушнавте, јасно е и зошто. Но ќе слушнете и до каде се подготвени да се превиткаат како луѓе, само да му угодат на Груевски, кој им ја обезбедува лажната претстава за “големи газди“. Исто како што тие му служат на Груевски тој да ја лаже јавноста.

Во последниот сет снимки Горан Иванов го повикува и Господ на помош да помогне за изборите, а Емил Стојменов е подготвен за состанок со Груевски да откаже лет од Скопје и да го брка со автомобил авионот во Белград.

(Сет 4)

Ова лицемерие, овие докази за вулгарна, незапаметена, недозволива окупација и злосторничка коалиција на Груевски со националниот сервис и приватните медиуми во Македонија се класична потврда на сите забелешки, не само на опозицијата, туку и на меѓународните институции и организации, што изразуваат загриженост за слободата на говор и изразување во Македонија.

Очекувам од утре, или еве од денеска да се промени оваа политика и на приватните медиуми, Канал 5, Сител, МПМ, а посебно на националниот сервис Македонската Радио Телевизија. Како претседател на опозицијата, којашто го има правото и по Устав и по закон, барам да обезбедат термин за едно соопштение за доказите коишто ги имаме. Кога ќе кажат тие, тогаш јас ќе бидам нивни гостин.

На ова зло, почитувани граѓани мора да му дојде крајот.

Да не дозволиме ова зло што и се случува на Македонија никогаш повеќе да се повтори!

Порачувам,

Венец ќе има, но венец на слободата и демократијата во Република Македонија! И тоа многу брзо ќе го добие тој венец Никола Груевски и неговиот режим, на кои им е дојден крајот.

Готово е.

Продолжуваме…

Транскрипти од денешната, 24-та бомба која ја објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев:

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=axYR2Cctp2c&feature=youtu.be[/youtube]

1.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

НГ: Ало
ГЈ: Ало да…
НГ: Како си Горде?
ГЈ: Добро еве со работа претседателе….
НГ: Вака сеа, за овие кадровските со кого ја требаше да зборам сеа
ГЈ: Само секунда…
НГ: Го имаш ли…земи го списокот пред тебе ја имам нешо бележано ама не сум сигурен
ГЈ: Ја си го имам тефтерот одма се е кај мене прецизно утврдено само да отворам…значи ај вака од почеток, како шо ги имавме запишувано. За дописнициве, за Вашингтон и Атина нели рековте уше еднаш ќе зборите со Марина Христова за Атина а евентуално Антонио Спасев и Борче Стамов…
НГ: Мхм
ГЈ: А следно сега…одам по ред да не пропуштам некој…добро овие кај шо сме имале дилеми и кај шо имаме време не ги спомнувам…

2.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер

ГЈ: Да.
МП: Ало,
ГЈ: Е кажи Мартин.
МП: Горде?
ГЈ: Кажи.
МП: А бе ова огласот за МТВ…
ГЈ: Добро.
МП: Ја мислам да го поништиме. Зошто се полунормални луѓето што се вакво. И ние сега ако сакаме да ја јакнеме МТВ, да донесеме луѓе проверени, што ќе ги видиме, ќе знаеме кои се…
ГЈ: Мартин, ама у тој случај ние треба да рсчистиме сами со себе. Или ќе пуштаме од комитети предлози, или ќе јакнеме капацитет. Најчесто не одат заедно тие две работи.
МП: И ќе јакнеме капацитет, и ќе пуштаме од комитети. Пошто не може сега некои…
ГЈ: Е па овие се од комитети.
МП:…некоја Емче таму, некои вакви, знаеш, некои…не, не, анонимуси што…Ако е за вработување, тоа им викам, дај у Водовод ќе ги вработиме, не може новинари да бидат.
ГЈ: Ама тие се од комитети предлозите. Тоа е квалитетот.
МП: Па добро, не може. Ќе ги одбиеме. Ќе го поништиме огласот и ќе…
ГЈ: Добро, како сакате.
МП: И ќе ја направиме МТВ како што треба.
ГЈ: Мислам ја имам обврска кога ќе има оглас да ги известам комитетите да дадат предлози, да ги поминеме на кадровска, така. Не можам јас да им викам на комитетите…
МП: Се согласуваш ли со мене за ова?
ГЈ: Овој ти е малоумен, без разлика што го мислам тоа…
МП: Ама се согласуваш со мене?
ГЈ: Види, јас генерално мислам дека ние курсов малку треба да го смениме.
МП: Да. Така?
ГЈ: Значи, не само за овој оглас. Сега МТВ е на дневен ред.
МП: Да де да.
ГЈ: Ние ги преполнивме институциите…
МП: Со неспособни луѓе…
ГЈ: Со луѓе што не се за таму. Може таа Емче за негде ја бива. Ха, ха.
МП: Емче може, Емче може во Фитосанитарна да иде.
ГЈ: Не бе, океј. Мислам секој човек нека си ја најде среќата. Ха, ха. Ама ние ги преполнивме…
МП: Не може сега, зошто е новинар? Зошто имал желба! Па јас сакам пилот, сега у…
ГЈ: Па тоа ти викам. Ние ги преполнивме институцииве на база на нечија желба. И сега како бројка никој неможе да рече немам луѓе. Пошто сите имаме, и поише од колку што ни треба.
МП: Да, да.
ГЈ: Ама како квалитет немаме. А од друга страна курсот е овој што ти кажувам, искача оглас, пушти комитети…таа е понудата.
МП: Добро, го мењаме. Еве од сега тргаме, поништување. Јас ќе му кажам и на Претседателот и готово. Кои се причините и ќе се согласи и он, и он е за тоа.

3.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер

МП: Ало? Горде, кај си?
ГЈ: Еј, Мартин.
МП: Кај си Горде?
ГЈ: Дома.
МП: Аа. А бе што мислиш ти за оној Миле Ристески?
ГЈ: Кој беше тој?
МП: Од А1 што беше, МВР следеше мислам.
ГЈ: Ааа, Миле. А бе тоа добро чоече беше да ти кажам.
МП: Добро човече?
ГЈ: Само мислам дека беше западнат у лошо друштво.
МП: Сега сака да дојде до кај тебе, да баци рака и да влезе во МТВ.
ГЈ: Па не, види. Јас да ти кажам искрено пред да ја спукаме со А1, размислував пошто ми требаше…
МП: Јас знам дека ти добро стоеше со него…
ГЈ: …портпарол за СВР Скопје и јас мислев да…
МП: А за портпарол си го планирала.
ГЈ: …да му понудам на него. Ама он има само средно школо…
МП: Ааа, да, да.
ГЈ: И знаеш, со средно кај мене треба 12.000…
МП: Дали ти одговара да е во МТВ?
ГЈ: Да бе да.
МП: Да!? Готово, ќе им јавам.
ГЈ: Да. Да, да, одговара, мислам добро човече е.
МП: Пошто тебе те следи…
ГЈ: Да, да, да, сосема е океј.
МП:…со него да си ја фатите.
ГЈ: И нормално, сега друга уредувачка политика.
МП: Да де да. Добро.
ГЈ: Али не е некој егзибиционист, башка слуша вака што ќе му кажеш.
МП: Добро.
ГЈ: Нормално, кога таква му е уредувачката политика. Така да е сосема океј човечето.
МП: Важи, важи Гоцо.
ГЈ: О.К. Ајде, фала ти. Чао.
МП: Чао.

4.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и (соговорник) Марјан Цветковски

ГЈ: Ало
МЦ: Ало?
ГЈ: Ее, здраво Марјан…
МЦ: Здраво, у гужва да не си?
ГЈ: Не на работа, уше малку влада имаме, па да видам нешо да подзавршам…
МЦ: И ја у 5 треба… у 5 треба и ја да дојдам таму…
ГЈ: …да бе да да завршам дур не сум отидена…
МЦ: Така да, абе Мартин ми се јави ама не знаеше името да ми го каже за…
ГЈ: Абее, за спортски новинар Ир…сеа Ирена Андреевска ама не знам дали…
МЦ: Ама Ирена Андреевска порано работеше у телевизија она…
ГЈ: А, не работи више кај вас?
МЦ: Нее, Ирена Андреевска не работи у МТВ веќе 6-7 години, затоа шо јас ја знам у Агенција за млади и спорт коа бев…
ГЈ: Да бе да, па ја знам дека работеше у МТВ долго време и сеа начула негде…
МЦ: Аха…
ГЈ: …дека ќе примате и се јави, ја знаеш…мислам пријатели сме со сопругот…
МЦ: Не она не е тука… Не не е тука, она сега не знам каде е…
ГЈ: Епа не знам да ти кажам ја…
МЦ: Ај слободно дај и мој телефон нека ми се јави па ќе се видиме ние…
ГЈ: Важи, ајде
МЦ: Ќе се видам ја со неа
ГЈ: Јас пошо знаеш, мислам нас ни е фактички мажот и другар ептен добар на Влатко
МЦ: Ако бе ако…
ГЈ: …од школо и сеа се јави он вчера и викам абе да прашам сеа да видам…
МЦ: Нека се јави, нека се јави…
ГЈ: Важи океј, фала ти многу…
МЦ: Нема проблем
ГЈ: Океј, ајде се гледаме после, чао чао
МЦ: Чао…

5.Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

МЈ: Ало?
Секретарка: Да те чуе Премиерот.
НГ: Ало?
МЈ: Молам?
НГ: Миле?
МЈ: Да, да, Ве слушам.
НГ: А бе Радио Гостивар….
МЈ: Добро.
НГ: Ти се јавил еднаш Мане, да го земе некој наш, да видиме.
МЈ: А бе Претседателе, зборувавме и на Влада. Значи таму требаше стечај да покрени Горан Трајковски на Влада еднашка…
НГ: Чекај да те уклуачм, да слуша и Мане, да не прераскажувам, ајде, кажи сега.
МЈ: Значи таму главен доверител беше Управа за јавни приходи…
НГ: Добро.
МЈ: И бидејќи вработените во РТ Гостивар и тие побаруваат од Радио Гостивар не може да покренат стечај, зошто веќе треба да се плати, и Вие еднаш му рековте на Горан Трајковски, сега треба да проверам до каде е, да покрени стечај. И во стечајна постапка или да се купи или да се поништи или да се ликвидира, па да го отворат ново. Значи во стечај мора да оди таа фирма. На луѓето му е најбитно да си ги земат парите.
НГ: А да се даде на Унија на млади, нешто, на некој човек да го работи?
МЈ: Ама многу долгови има таму. Ако сака некој нека го земе, ама тоа не е профитабилно. Постои сега радиото, таму има еден вработен само…
НГ: Ама не е за профит. Работава е да го работи.
МЈ: Нека го работи Претседателе, ама има само еден вработен таму, сега. И нема ни опрема, ни ништо. Значи, на времето ставиле некоја антена, ама има многу долгови. Значи има кон Управа за јавни приходи, има плати, има здравствено, има ПИОМ. Ако имаме некој човек што може да го работи, нека го работи сега. Ама, Мане тогаш бараше да оди во стечај.
НГ: Е зашто не отиде во стечај сега?
МЈ: Па не знам Горан што направил, да видам, Горан што направил.
НГ: Е па ај види, па јави се.
МЈ: Важи.
НГ: Да го разбуричкаме ова и да го убрзаме.
МЈ: Ќе Ви пишам одма.
НГ: Или пиши, или јави ми се одма, тука сме ние во канцеларија.
МЈ: Ајде.

6.Разговор помеѓу Мартин Протуѓер и Емил Стојменов

ЕС: Ало.
МП: Ало?
ЕС: Ее, Мартин.
МП: Ее, Емил здраво.
ЕС: Здраво.
МП: А бе, може ли да те замолам оваа анкетава на ДНЕВНИК ја превземаат вашиве…
ЕС: Добро. А која е таа анкета?
МП: Ако може да не ја превземат. Дека ќе тепаме со…
ЕС: Анкетата на ДНЕВНИК!?
МП: Да, да, да.
ЕС: Аха. Мартин…
МП: Затоа што…
ЕС: Кажи ми…добро, што?
МП: Ѓорѓи Спасов, Ѓорѓи Спасов ја има праено.
ЕС: Добро.
МП: И кај нив има накачено едно 3%, разбираш?
ЕС: Аха.
МП: Пак викаат дека ќе тепаме ние со 49 пратеници, они ќе имале 34-35, не знам како…
ЕС: Добро.
МП: Ама не е така, знаеш. Мее,
ЕС: Океј. Ти информирај ме пошто јас сум, тука гост на УЕФА, ме викнаа у Лондон сум, само што стигнав.
МП: Ааа, еее, супер, супер, супер. Извини.
ЕС: Така да ќе бидам една недела гост сум нивни, специјален овдека за ова финалето што е.
МП: Ааа, одлично.
ЕС: И до неделаа сум тука. Значи те молам било што, ја не сум у тек, не гледам, не пратам, информирај ме.
МП: Важи, ќе ти вртам ја, ќе ти вртам.
ЕС: Слободно, да знаеш. Сега ќе и се јавам на Лидија да и кажам за у 5 да не оди тоа веќе…
МП: Важи, важи друже. Важи, фала ти. Чао.
ЕС: Ајде, чао.

7. Разговор помеѓу Емил Стојменов и Мартин Протогер

ЕС: Ало
МП: Емил
ЕС: Е повели друже
МП: Шо праиш, како си?
ЕС: Добар еве тука до едно место дојдов со едни луѓе да се видам, ти?
МП: Добро бе добро еве по работа и така…
ЕС: Ахаа…
МП: Абе за ова, за тужбата денеска е актуелна
ЕС: Добро, која тужба?
МП: Ова со Грција што е…
ЕС: Аа добро добро…
МП: Иии оваа Богатинова го викнала овај Денко Малески…
ЕС: Добро…Ќе и кажам да го тргне добро…
МП: …овој објаснувал таму… вака така…
ЕС: А кај го викнала не разбирам
МП: У вести тамо давал изјава…експертски ставови
ЕС: А кога тоа? У 9? У кои вести бе?
МП: Е па не знам сега, така ми пишаа овие моиве…вика го викнала Денко Малески, Богатинова…
ЕС: У 3 има вести..ајде ја сеа ќе и се јавам одма…
МП: Да…
ЕС: …а шо објаснувал тоа говедо?
МП: Па дека и двете страни имале…требало да се реши спорот со Грција…дека тоа покажала пресудата
ЕС: Абе таа ненормална…
МП: Дека двете страни имале добра волја и треба така да се оди кон решение…
ЕС: Ќе и кажам да го тргне уопште да не го пушта, кој треба да го викне?
МП: Не бе некој…без разлика, некој нормален
ЕС: Дооброо
МП: Шо ја има исчитано пресудата, знаеш
ЕС: Дообро…ја нее… ја од тебе слушам
МП: Ние пративме брифинг до сите
ЕС: Добро…
МП: …до сите медиуми вака шо се…тези шо се важни за нас, знаеш
ЕС: Доброо, договорено
МП: Океј
ЕС: Готово, ја сеа ќе и се јавам у момент одма и се јавувам…
МП: Важи важи…
ЕС: Ајде друже, поздрав
МП: Чао

.Разговор помеѓу Емил Стојменов и Мартин Протогер

МП: Емил шо праиш, Мартин е
ЕС: Еее Мартин дома ништо посебно да ти кажам така седам…
МП: Ааа добро.. Види сакав нешто да те замолам ако може за поддршка..
ЕС: Кажи…
МП: На Нетпрес има излезено со овој Магаш едно интервју, во коешто кажува цел шверц со нафта со цигари како бил во детали…
ЕС: Добро…
МП: Тоа е ново интервју
ЕС: Аха…
МП: Тој од Нетпрес отишол да го сними, саат ипол го снимал…
ЕС: Аха…
МП: И кај вас идеше сеа као споредна вест одма со одговор на ес де ес дека од нас е штелувано и така…Ударно да го напраиме, важно ни е пошто сакаме цел нареден период тоа да го цедиме знаеш…
ЕС: Мхм мхм мхм…
МП: Ако може да го напраат со фокус вака да биде ударна вест и така..
ЕС: Добро а кај е тоа, кај го имало на вестите у 3 саат
МП: Да…
ЕС: …океј не сум се чул ја со оваа, ќе се чујам со со… со Лидија се слушнавте. Се слушнал некој со Лидија? Не знаеш…
МП: Па Илија зборел, Илија зборел…
ЕС: Мхм, мхм,мхм доброо…Важи ќе и кажам ја, важи друже договорено…
МП: Фала ти…
ЕС: Поздрав…

9.Разговор помеѓу Драгана Павловиќ Латас и Сашо Мијалков

ДПЛ: Да?
СМ: Само да знаеш, кажав да не кажуваат на другите.
ДПЛ: Добро.
СМ: До внесување, само ваша камера ќе има.
ДПЛ: Ваму у 1 саат, така?
СМ: Освен некој ако не дознае од други извори, знаеш како ти е тоа.
ДПЛ: Да бе, има по суд тоа. Приправници, чувари.
СМ: Секој…Не бее. Секој…У МВР, тука има шпиунчиња, овие, знаеш новинарите си имаат по некој.
ДПЛ: Не е проблем бе, не е проблем, ние…
СМ: Ама не е кажано, ја реков: сакам Латас да го частам, викам да има ексклузива за влагање, а за излагање ќе има и други.
ДПЛ: Добро, готово.
СМ: Така да знаеш, да имаш ти нешто, да имаш така…
ДПЛ: Поише.
СМ: Само ти, да.
ДПЛ: Важи. Кога идеш на одмор ти?
СМ: У 1 саат ќе го носат од напред. Значи од напред ќе го внесат.
ДПЛ: Од напред? Добро, добро.
СМ: Ајде.
ДПЛ: Ти кога идеш на одмор?
СМ: Ја идам у четврток на пат, ќе бидам на пат и после не се враќам, директно ќе продужам.
ДПЛ: Добро, добро.
СМ: Да знаеш. Ајде.
ДПЛ: Важи, чао.

10.Разговор помеѓу Мартин Протуѓер и Миле Јанакиески

МП: Миле?
МЈ: Еј Мартин. Кај Премиерот бев, не можев да ти се јавам.
МП: Ааа, добро. Прво за отчетите, да знаеш дека никаква работа не си завршил, од нула почнува работата.
МЈ: Мартин, ја имав работа само да ги соберам отчетите, и ги собрав.
МП: Не, не. Ти ги собра, со курот на маса ги собра отчетите….
МЈ: Не, не, се извинувам, не си во право.
МП: А ја ги собрав отчетите…
МЈ: Значи јас ги собрав такви-какви што ми дале…
МП: Знаеш колку отчети има Миле? Знаеш колку отчети има? 20, од 56!
МЈ: Е толку ми дале општините.
МП: И од тие 20 може да направиш 10.
МЈ: Не, јас, значи мојата задача беше само да ги соберам. Значи не ми префрлувај нешто што не било мое…
МП: Добро, добро. Не, само да знаеш…
МЈ: Толку ми дале обврска…
МП: Друго да ти кажам нешто…
МЈ: обврска за програми да правам, и ги правам, и такви се, какви што се очекува…
МП: Да ти кажам нешто сега, да ти кажам…
МЈ: Не ми префрлај нешто што не било моја обврска!
МП: Те дупам бе, доста ајде.
МЈ: Моја обврска беше техничка, да се испојават моиве по градовите, да соберат отчети. Тоа беше.
МП: Договорив прасе, наредна недела…
МЈ: Значи многу ме нервираш кога ме напаѓаш без основа, не ти е прв пат.
МП: Доста сега.
МЈ: Ќе видиш како ќе биде сега отчетот на Центар што го правам јас.
МП: Слушај сега. Наредна недела среда-четврток прасе правиме, ја договорив и кафана и све.
МЈ: Е па сега петок рече?
МП: Земи го…Не, ама не можам, стварно, треба да одам во Охрид. А, Република весникот си го нарачал во еден примерок.
МЈ: Во три му реков да го нарача.
МП: Само еден си нарачал.
МЈ: Добро, ќе го зголемиме, кажи му.
МП: Не, зголеми го на 20.
МЈ: А, немам, не можам 20, немам толку весници, не зафркавај.
МП: Ќе го дадеш по канцеларии бе.
МЈ: Добро, ќе порачам максимум. Колку што има секој максимум, толку ќе порачам.
МП: Колку…А бе не, гледај максимум што можеш. Најмногу што можеш…
МЈ: Добро, максимум колку што имам ВЕЧЕР и…ВЕЧЕР колку што имам, толку ќе имам и Република, ај.
МП: Максимум, максимум. Да не се 5-6. Максимум.
МЈ: Добро, ајде чао.
МП: Ајде, ајде чао.

11.Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и Горан Иванов

ДПЛ: А слушај, овие нашиве полуписмениве што гледаат денес му се јавиле на Мартин, и Мартин вика: А бе нели рековме да не ги пуштаме активностите на опозицијата? Викам: кој ги пуштил? Па еве сега ми викаат сега идело. Па викам, тие ти кажале ли што иде? Ја му кажувам што е. Ауу, па тоа се сосем друго. Толку сечат тие, да го ебам. Активностите на опозицијата!
ГИ: Ха, ха, ха.
ДПЛ: Ха, ха, ха. Ај глупости.
ГИ: Па ја му викам, он ми се јави вчера, а бе човече ние у опште не ги покриваме, а бе нула, као да не постојат.

12.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески

ЗС: Океј, сака он да оди кај Миленко, нека оди.
ГЈ: Да де да.
ЗС: Ја гледам што зборат. Ја немам фејсбук, ама гледам отприлика на Плусинфо, на Либертас, на овие, гледам што се коментира.
ГЈ: Јас имам, јас имам Зоки…
ЗС: Не сум од вчера…
ГЈ: Срам ми е да читам. Значи кога ќе видам статуси или наслов објавен, срам ми е. Не си така воспитан, мизерии да читаш, на јавен простор, најниски вулгарности.
ЗС: За таа новинарката една што беше исто…
ГЈ: За Мери, да. Мислам, каква сака нека е, ти не можеш да и го нарушуваш достоинството на тој начин. Кој ти дал право за тоа?
ЗС: И се друго, и некои такви. А бе го знам човекот е хоштаплер тешок.
ГЈ: Малограѓанштина.
ЗС: Лопивиште. Тој требаше во затвор да заврши, и…
ГЈ: Да, да, да.
ЗС: Таму му беше местото за тоа што го крадел.
ГЈ: А бе ајде. Добро нека оди фаворитот.
ЗС: Фаворитот бе, да.
ГЈ: Да.
ЗС: Сега он ќе се претстави. Нека тера, доста веќе.
ГЈ: Нека тера. Ти е гајле. По мене добра одлука, како што треба баш.
ЗС: Океј, ајде. Се гледаме, чао.
ГЈ: Ајде, се слушаме, се гледаме, чао, чао.

13.Разговор помеѓу Мартин Протогер и Драган Павловиќ Латас

ДПЛ: Кажи бе —-
МП: Ало?
ДПЛ: А?
МП: Еј, може ли во целост да го пушите интервјуто на Премиерот за МИА?
ДПЛ: Можам у ВЕЧЕР.
МП: Па да, за у ВЕЧЕР, за у ВЕЧЕР.
ДПЛ: Па можам, тамам работа. Што прашуваш глупости.
МП: Добро, добро.
ДПЛ: Што зборевме јас и ти прееска? Ја не мислам дека сум најважниот на свет, МП: Ха, ха…
ДПЛ: и дека уствари сите други треба тоа само да го признаат. Ха, ха.
МП: Ха, ха. Добро, добро.
ДПЛ: Ќе им кажам јас сега одма. Ајде.
МП: Важи, фала ти.
ДПЛ: Ајде.
МП: Чао.

14.Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и Горан Иванов

ГИ: А гледам на ВЕЧЕР сте го направиле пуздер.
ДПЛ: Не бе, оваа Весна Божиновска. Му ставила срце, она сакала тоа да го, као на шала да го тера. Ама у текстот нема ништо, колку што знам, у текстот е само соопштението.
ГИ: А на насловна иде, гледам.
ДПЛ: На насловна го ставиле, да. Таа ми ја пуштија ја видов, на слика по СМС. Ама барал изрично на насловна.
ГИ: М?
ДПЛ: Изрично тоа детето од кај Никола се јави, како се вика едно дете младо?
ГИ: Суле.
ДПЛ: Како му е име, ја не го знам тоа.
ГИ: Суле го викаат, тој што му е портпарол.
ДПЛ: Александар или нешто, да, да, да. Ја слушав Ивона, на нејзе и се јави. Гледам одеднаш оваа се уозбили, ама мора ли? – му вика. Па добро сега вика, ако бара Никола тука нема што да се прашува он. И она вика, па добро на насловна ќе го ставам знаеш, он и диктира каде, што, све. Изрично бараше, ја бев тука. Да се стаи. —- го бара да се стаи, како. Не е мој избор да се појави на —-.
ГИ: А тебе кој ти се јави?
ДПЛ: Он на Ивона ја прашува дали треба да ми се јави на мене, кога беше тука. Не, ја ќе му кажам вика.
ГИ: Мхм.
ДПЛ: Тој Александар, ако збориме за истиот. И ја кога ја прашав, она ми објасни кој е тој.
ГИ: Тој е тој. Тој е од Ѓорче.
ДПЛ: Тој е тој.
ГИ: Бара изрично, и мислам дека Никола го има праено текстот, до толку е лично. Не е од Мартин, и од овие, од оние. До толку е лично и се инсистираше.

15.Разговор помеѓу Мартин Протуѓер и Драгана Павловиќ Латас

МП: Слушаш!
ДПЛ: А?
МП: Те барав и ноќеска. Со Ивона зборев, зборев и со Горан.
ДПЛ: Добро.
МП: Вака. Значи, од срце сакам да ти се заблагодарам…
ДПЛ: Ајде иди у пичку матер, ја мислам…
МП: Нај вака другарски, најдлабоко голема благодараност…
ДПЛ: Добро бе, фала ти.
МП: И во, во…значи не се зафркавам. Во вакви моменти, ја ги гледав другите како реагираат…
ДПЛ: Аха.
МП: Имаше интересен дел, што ме зачуди, од луѓево што се околу нас…
ДПЛ: Аха.
МП: Што видоа малце, претпоставуваа неизвесност некоја и така, па полека се повлекуваа и…
ДПЛ: Уцвикаа…
МП: Вие зацапавте со две нозе, зацапавте во битката, значи без пардон.

16.Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Горан Иванов
ГИ: Мичо…
МЈ: Е Горан…
ГИ: Шо праиш?
МЈ: Имав некој со здружениево на превозници нешо пресој имавме, затоа не можев да ти се ја…
ГИ: Аа… види…абе ова, таму има една зграда социјалистичка партија у ова… у Тафталиџе, знаеш тоа нели…
МЈ: Добро…
ГИ: Ааа и сега тоа шо…шо зборевме околу висините, тоа време…
МЈ: Добро…
ГИ: Заа… овие од општина успеав да излобирам таму некако у Карпош, го дигна на 3 и 50
МЈ: Колку сакаш ти да бии таму?
ГИ: А?
МЈ: Колку сакаш таму да бии?
ГИ: 13 и 50
МЈ: Таму се бунеа луџе, идеа кајнас дрнрмндр нешто…
ГИ: Абе одјеби ги кој им ебе матер… пази тоа од западна страна е од јужна разбирам…
МЈ: Добро, ај ќе видам…
ГИ: Оти тоа на партијава наша е сакам да си го напраиме да ни биде тоа ко убоо седиште таму да…
МЈ: Добро шефе готово..
ГИ: Ај молим те…
МЈ: Ајде чао

17.Разговор помеѓу Горан Иванов и Миле Јанакиески

ГИ: Мичо шо праиш?
МЈ: Добар бе на работа
ГИ: Слушај…
МЈ: Молам
ГИ: Овој тендеров за у Кратово шо беше… отиде
МЈ: Како?
ГИ: Мислам заврши…
МЈ: Доб…
ГИ: … меѓутоа сумата со којашто ние бевме најдобри е поголема од онаа што е предвидена со тендерот…
МЈ: Добро…
ГИ: И сеа овој се јавил некој таму од министерство кај градоначалникот ќе го поништувал тендерот и така натаму…тоа е тотална глупост пошто овој…
МЈ: Нее, знаеш како можи…
ГИ: Значи овај е по проекат, изведбено можи да биди и 40 милиона од кај знаеме утре, значи овдека е…
МЈ: Горан слушај како треба, оти ние скроз ги искористивме парите за Кратово…
ГИ: Добро…
МЈ: Мислам дека е така, ќе ти проверам… ааа треба општината Кратово да си донесе одлука на Совет дека разликата помеѓу тоа што го има Министерство за транспорт и врски и цената што е понудена тој ќе ја покрие…

18.Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и соговорник

С1: Значи види вака, јас ќе се видам после со него да му кажам: Утре Латас ќе земе некоја количина на бетон, у петок ти прави прилог на вести…
ДПЛ: Не можам у еден ден да го истрпам тој, ама од утре почињам…
С1: А бе од утре почиња, од утре почиња…
ДПЛ: Е така…
С1: Ајде.
ДПЛ: У петок правиме прв прилог, идната недела уште еден.
С1: Ајде, готово.
ДПЛ: Е така.
С1: Ајде, чао.
ДПЛ: Ајде.

19. Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и соговорник

ДПЛ: Кажи директоре?
С: Уредниче бе што праиш?
ДПЛ: Еве бевме со директоров мој во една банка тука по реклама и се искачаме
С: Ааа, абе ми требаш нешто таму да ти кажам за еден човек да не го рчкаш нешто…
ДПЛ: За кој?
С: Ќе ти кажам…кај сте да дојдам да ве видам една минута?
ДПЛ: Е нема ја сеа идам дома ручек да носам чекаат
С: А да дојдам таму пред зграда кај тебе може?
ДПЛ: Абе кажи ми само шо се секираш….
С: Овој ми е другар ептен добар стално ги закачаш на оној Пуцко од Кичево син му…
ДПЛ: Кој е, кој е тој? Со што се бави?
С :Со нафта шо имаат бензински Пуцко петрол…
ДПЛ: Пуцко петрол?
С: Да…
ДПЛ: На Велија Рамковски спонзорот?
С: Абе каков спонзор немаат ништо со него више
ДПЛ: Може ли они со нас една реклама да напраат, све да завршиме?
С: Ќе напраат се шо треба ќе го донесам кај тебе…
ДПЛ: Готово…
С: Син му ми е види…син му ми е ептен добар другар
ДПЛ: У понеделник моеш да го донесеш?
С :Ќе го донесам и сеа ми се јави…
ДПЛ: У понеделник ќе напраиме ја и ти муабет со него…у вторник завршено
С: …да ти кажам …не не гледај, знаеш шо е работата? Денеска у транспорт и врски имало јавна лицитација купиле место у Скопје за бензиска у Ново Лисиче на на наддавање си ја купиле и виак те молам да му кажеш да не не пљука нешо да не ни заебе работа…
ДПЛ: Дооброо…ја денеска тоа ќе го завршам
С: Денес само ништо да нема у понеделник ти го носам ќе видиш за какви луѓе се работи, топ се
ДПЛ: Готово ее, моето ќе го завршам. Готово не се секирај…
С: Готово уредник, чао фала…

20.Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и Горан Трајковски

ДПЛ: Ме забораи?
ГТ: Не не те забораив ама еве искачам брзам на родителска и јеби га тоа е…
ДПЛ: Нишо на кратко дур одиш…
ГТ: Значи вака сега за да не губиме време. Да појде адвокатката да поднесе барање на репрограм и ќе се напраи репрограм на тие стари обврски по пријави што се, некаде околу милион денари
ДПЛ: Да, ама ги неаме тие ама и неосновани ми се, тоа е проблем…
ГТ: Е па види сеа без разлика во репрограм и ќе се види кој ќе се прифати на репрограмот…

21.Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и Горан Трајковски

ГТ: Вика може да дојде да поднесе барање за репрограм ние ќе го прифатиме и ќе донесеме барање за репрограм дека еве некојси го прифаќа тој долг да го подмирува во следните 36 месеца, во моментот кога тоа решение ние ќе го огласиме за дека е во правен промет…
ДПЛ: Така…
ГТ: Ја издаваме потврдата и тотал си се брише пред централен регистар и викам шо добијаме со тоа ако е вика приоритет тотал да оди во ликвидација тотал нека оди во ликвидација а после имаме едно безимено прашање чисто сметководствено дали се милион или се 100 илјади, дали требале да се платат или не требале да се платат али не ги у… со правно лице…
ДПЛ: Добро сега овака… Да напраиме некоја идеја пошо јас и со нашиве ваму коа зборам знам до кај смеам да зборам иначе ќе речат овој сака да ќари на нас, знаеш малце не пријатна ми е ситуацијата…ии некако да напраи, еве да напраиме и репрограм али да го сведе испод 600 илјади еве да биде 594 илјади, ме разбираш?
ГТ: Доброо…
ДПЛ:… некако нека мисли таму и ќе земам јас фирма шо ќе го напраи репрограм па после ние ќе се тужиме по судови дали е волку дали е толку
ГТ: Добро добро тоа утре ко ќе ми…
ДПЛ: Али да го напраиме утре
ГТ:…коа ќе ми дојдат потврдите јас ќе ти јавам, јас сум утре до 2 ипол на работа, п0осле сум ка Никола
ДПЛ: Ти глеј значи од сабајле пред…
ГТ: Ќе глеам од сабајле да го фатам до кај 11 ипол 12
ДПЛ: Значи прво да го напраи тој репрограм на помалце од 600 илјади а после ја ќе видам…ќе зборам со овие па ќе видиме како..
ГТ: Доброо, барај ме ти мене утре околу 12 во секој случај
ДПЛ: Важии…
ГТ: Ајде
ДПЛ: Ајде чао…

22.Разговор помеѓу Мартин Протогер и Емил Стојменов

ЕС: Значи петок иде…знаеш дека согласно законот мораме да доставиме фактура, мораме…не знам што ќе праиме…јас сум многу исплашен, мислам, со Бети оваа што е главната збориме…збореле овие нашиве и они се збунети. Не знам, дај да видиме што ќе праиме…
МП: Добро готово ај сеа ќе се јавам да видам шо е…
ЕС: Значи да видиме фактурата значи според тоа што сме ценовникот значи нискиот е пак огромна …
МП: Мхм
ЕС: Тоа ако треба данок да се плати ние може да се затвориме клуч на врата овдека сите заедно
МП: Мхм мхм
ЕС: Разбираш? Значи до таму сме ние дојдени ај шо не плаќаат луѓево, него ние денеска кредит зиаме за плата, замисли 400 илјади евра треба данок да платиме мислам за само за таа фактура..
МП:Не не не, ние ќе најдеме начин тоа да го овакво…
ЕС: Ајде види тоа пошто петок мораме јавно да излеземе а почнуваат веснициве да бараат коментари, дадовте ли фактури нели знаеш, кој ти е за кого ти е
МП: Да да, готово готово готово
ЕС: Ајде поздрав чао
МП: Важи чао чао

23.Разговор помеѓу Мартин Протогер и Емил Стојменов

ЕС: Ало
МП: Емил, шо праиш?
ЕС: Еве Мартин да.. до работа дојдов, ти?
МП: Добро бе добро еве работно, па сеа зборев со премиерот, Лидија ми кажа дека проблем пак со овој Горан има некој, премиерот збореше со Горан партали го напраи да знаеш, значи вакаа… партали, пошто овој коа сте биле заедно му рекол под контрола е работата…
ЕС: Да…
МП: Иии премиерот му рече што ти значеше тоа под контрола тука пред чоек ти се јавувам ме ставаш у ситуација… не значи тоа од 300 на 200 да се намали… под контрола е работата… партали го напраи. Сакаш ли да се видиме ја и ти заедно да го бараме Горан или јас уше еднаш да му се јавам, ми рече и ти јави му се обавезно, ја да му се јавам сеа…
ЕС: Ајде јави му се…
МП:…ии…
ЕС: Јас се слушнав со…
МП:…кажи ми твој агол, каков е статусот, шо треба да се напраи за да се затвори тоа?
ЕС: Види јас со него…јас со него разговаравме, ме викна кај него у канцеларија, разговаравме, ми рече Емил еве го записникот овие моите кокошки што нашле, пошто претходно пак ме викна ми кажуваше дека они може да си пишуваат што сакаат, он си е тој што ќе си го реши проблемот, разбираш?
МП: Мхм…
ЕС: И ме викна тамо, викам Горан слушај вака две работи да знаеш, јас да сум…да сме напраиле нешто, не сме напраиле ништо…да така е, проблемот е што ти дозволивме да влезеш во инспекција кај нас после 6 години од поминат период е сега коа ќе стаиш на било што камата тоа е пута 300 посто и викам сума како пари изгледа голема и он ми вика еве ти го записникот те молам пошто вие имате стручни екипи ваши во фирма консалтинг
МП: Мхм мхм
ЕС:…напрај ми ги сите забелешки, како ќе ми ги напраиш забелешките ја така ќе го прифатам записникот

24. Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и Горан Иванов

ДПЛ: Али на Горан Бошков морам да му се захвалам у живот, ми учини голема работа, не сакајќи. Ми вика, ја барам од Никола, викам дај негде, ја не барам ништо, викам дај негде Мери да ја ставам у некој управен одбор, вака-така, знаеш. И не сме нашле. Поминало година дена, два-три пути сме збореле – имаш ли идеја- немам да ти кажам. Горан Бошков доаѓа и ми вика: А бе ти стоиш добро со Ниц, мене да ме изберат повторно, а него го избра СДСМ порано, у одбор на директори вика, кај што е Мери сега, у ГАМА, 1.000 евра вика, плата. Каде? У ГАМА. Колку? 1.000 евра. Идам ја кај Никола, зборам за Мери, и одма у 5 минути го реши. Се јави таму, не знам на кој беше и од утредента ја тури у процедура. И после месец дена ми се јавува: Па добро бе, нели е срамота, ја за мене ти кажав. А бе викам ја веќе бркав работа, како сега. Па што не ми кажа!? Па викам незгодно ми беше, не знаев дали ќе биде. Ха, ха, ха.

25.Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Горан Иванов

ГИ: А нашиве не искачаат, шо е проблемов?
МЈ: Не не излегуваат нашиве ама тој ќе не води таму
ГИ: А?
МЈ: Ама рано е Горан уште, океј е, океј е ситуација, излегуваат нашиве океј е…
ГИ: Нешо ми кажувет врнело многу у Мичиген не искачале нашиве
ГИ: Каде?
МЈ: У Мичиген викет врнело многу не искачале нашиве…
МЈ: Малку е таму…
ГИ: А?
МЈ: Камбера нас ни треба…каква Камбера па ти…Канада
ГИ: Канада? Детроит?
МЈ: Да, Детроит да…океј е океј…
ГИ: Дај боже у пичку…мора да победеме 3-0 мајку да им ебем у пичка ја комунистичка …

26.Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Горан Иванов

МЈ: Е Горан…
ГИ: Како е првиот?
МЈ: Тапа!
ГИ: А?
МЈ: Тапа!
ГИ: Шо збореш бе?
МЈ: 100002000 гласови ќе победиме само…
ГИ: Де бе…
МЈ: Е то е…
ГИ: А Битола?
МЈ: Не знам, четворка…
ГИ: А другиве четворка како е?
МЈ: Мислам дека че освоиме 11
ГИ: 11-9
МЈ: Да…ајде
ГИ: Боже, боже, боже…
МЈ: Ајде…

27.Разговор помеѓу Горан Иванов и Драган Павловиќ Латас

ГИ: Канал5 нешо глуми…
ДПЛ: А, ние го јадеме курот да…
ГИ: А ние само… не е тоа добро…
ДПЛ: За тоа треба да збориме, тоа се позиции на пример шо се бранат, ја зашо ти викам, а од друга страна неаме атмосфера више у фирма као порано, не дај боже да загусти немаш со кого да работиш, тоа е многу битно…ја барем иам искуство у тоа, знам шо значи да имаш луѓе позади себе и да немаш… они ме лајат низ град, ако они му покажуваат на него дека ја више не сум никој и ништо и дека куќата е уздрмана уше повеќе сила добива тој другиот…
ГИ: Абе ние не сме уздрмани него ние едноставно само слепо исполнуваме све шо побараат до сега у секунд, тоа е кај нас проблемот

28.Разговор помеѓу Горан Иванов и Драган Павловиќ Латас

ДПЛ: Еве го сега Драган Антоновски пак доаѓа, да не му даваш емисија евентуално?
ГИ: Не
ДПЛ: Го глеам доага нешо нагло на работа…не доаѓаше со месеци го немаше
ГИ: Сеа доаѓа… кој го знае…
ДПЛ: Па доаѓа бе доаѓа…
ГИ: Не сум го видел со месеца…
ДПЛ: Доаѓа и последниов месец дена е тука…често
ГИ: Кој го знае може… нешо пренесува, од кај да знам…
ДПЛ: Не, неам појма ја, чисто те прашуем, иначе…
ГИ: Не бе не, какво, нема теорија…
ДПЛ: Не ми е мене криво шо ја праам све што од мене се бара, мене тоа ми е работа, али би требало, знаеш, заради сите нас, да сите го праат тоа…иначе…
ГИ: Многу е лошо кога отскокнуваш знаеш…
ДПЛ: Абее Горан сеа заради….
ГИ: А?
ДПЛ: Заради сите работи што ги збориш, можеме да изгубиме утре избори…по такво понашање на Канал5, такво понашање на МТВ, такво понашање… ја тоа го глеам. Иначе ја сум рекол дека ќе го напраам тоа и го праам, не се осеќам потценет или понижен заради тоа…ама другиот ми нанесува штета и на мене не само на Никола, у таа смисла ти зборам заебано е…
ГИ: А сега овие Алфа не сум ги глеал, како се они понашаат?
ДПЛ: Аа рано е чекај таму… таму месеци треба да поминат, прво да видат кој е газда реално…знаеш, друго е вака…па па да се променат уредници, па састанци, па чуда…

29.1 Разговор помеѓу Емил Стојменов и Милена (секретарка на Груевски)

ЕС: Да…
С: Ало Емил, Милена е на телефон
ЕС: Е, здраво Милена
С: А, Емил за состанокот во четврток кај премиерот, дали може наместо во 1 во 3 да дојдеш, кај премеирот…
ЕС: Ееј… Милена види ја сеа од тебе прв пат слушам место у 1 у 3 саат, значи не знаев дкеа треба у четврток да се видам со премиерот…
С: Ааа епа добро Ленче како се вика, мислев дека те известила…
ЕС: Ленче не ми се јавила, да знаеш само…
С: Епа добро добро, уште подобро…
ЕС: Чекај сеа вака, ајде зашо јас во четврток требаше да тргнам да одам за Проторош
С: Аха, епа добро ако треба тогаш да се договориме друг ден…
ЕС: Па не јаа оти…ние се слушнавме…ми напиша он порака и ми рече ко ќе се вратам од пат ќе се видиме
С: Мхм мхм, да, да…
ЕС: Значи сега како четврток у 3 саат тоа?
С: Да да…
ЕС: …порано не може, нели не може?
С: Не, не има странци, странски делегации…
ЕС: Има странски делегации…ааа оти одам со овакво, а шо мислиш, сеа ја и ти си праиме муабет, некако тоа за у понеделник или нема шанси?
С: За понеделник на 17ти?
ЕС: Да, јас во недела вечер треба да се вратам…
С: Не тогаш пак тргнува на пат, може да направиме на 20ти во четврток…
ЕС: Не овој четврток, следниот?
С: Да…
ЕС: Е па прашај го премиерот ако не е проблем, ако не ќе го откажам авионот ќе дојдам у 3, иначе, значи прашај го…ако може така добро е, ако е хитно тогаш ќе дојдам у четврток у 3 добро?

29.2 Разговор помеѓу Емил Стојменов и Милена (секретарка на Груевски)
С:Молам:
ЕС: Емил е на телефон Милена
С: Да, повели Емил
ЕС: Ајде знаеш што ќе напраам, ќе дојдам во 3 ако ти си сигурна дека тоа во 3 ќе биде
С: Да
ЕС: …ќе ме чека кола ќе се видам со премиерот и после од Белград, ќе ме носат до Белград па од Белград ќе летам
С: Ќе фатиш авион е па добро….
ЕС: Ќе фатам авион од Белград место од Скопје така да…
С: Добро…
ЕС: … случајно ако нешто излезе и порано и порано само јави ми…
С: Нема проблем , обавезно
ЕС: Нека биде ако биде во 3, за да стигнам вечер до 9 во Белград, важи?
С: Важи ќе стигнеш секако
ЕС: Ее сигурно важи фала ти
С: Се слушаме чао Емил
ЕС: Чао, чао

29.3 Разговор помеѓу Емил Стојменов и Ленче Самарџиевска

ЕС: Да…
ЛС: Ало Емил, Ленче е
ЕС: Ее Ленче повели….
ЛС: Аа оваа средбава шо ја закажавте за 3 ипол, 4 ја поместуваме, во некоја гужва е…
ЕС: Добро, важи…
ЛС: Во 4…
ЕС: Ајде чао…
ЛС: Чао

29.4 Разговор помеѓу Ленче Самарџиевска и Емил Стојменов

ЕС: Ало
ЛС: Ало Емил
ЕС: Кажи Ленче
ЛС: За 5 те одлагам сеа…
ЕС: Добро…
ЛС: За 5…невидени гужви сме…
ЕС: Да а?
ЛС: Да, ептен
ЕС: Ајде па види дали ќе стигнете, ајде важи
ЛС: Ајде, чао

29.5 Разговор помеѓу Емил Стојменов и Ленче Самарџиевска

ЛС: Молам?
ЕС: Ало, Емил е на телефон, Ленче е или?
ЛС: Ленче е Ленче…
ЕС: Ленче е…кратко, Ленче вчера ми се јави мене Милена, за состанок со премиерот у четврток, ја откажав авиони све океј, меѓутоа сабајле брат ми ми кажа…
ЛС: Не, не, не, Марјан има
ЕС: Оти Марјан има…
ЛС: Марјан има да…

29.6 Разговор помеѓу Емил Стојменов и Ленче Самарџиевска

ЕС Ало
ЛС: Ало Емил, Ленче е
ЕС: Повели…
ЛС: Мислев да не забораи…
ЕС: Не, абе чекај сега да ти кажам, нели за у четврток за 5 ипол ми рече?
ЛС: Не, не,не, денеска…
ЕС: Хоууу… ја па си викав утре сабајле ќе ти се јавував да те прашам дали…
ЛС: Не, не, не… не е помрднато така си е во 5 саат денес
ЕС: Денес у 5 саат? Не иначе знаеш дека ја не заборавам, баш сеа сум пред 20 минути паа со Мартин зборев, за нешо друго се договаравме и викам утре ќе одам кај премиерот, ај шо да напраам да идам да се… значи ми треба за да дојдам, ми требаат едно да идам дома само да се пресо…да облечам пантолони и да дојдам, толку ми треба
ЛС: Добро ајде, те чекаме
ЕС: Важечки ли е тоа?
ЛС: Како не е важечки, те чекаме, ќе се деранжира цела програма
ЕС: Леле ајде, ајде
ЛС: Ајде

30.Разговор помеѓу Емил Стојменов и Сашо Мијалков

СМ: Што праиш Емил?
ЕС: Еее добро друже малку на сонце тука се печам…
СМ: Молим?
ЕС: На сонце викам пред граница викам ее кај овие бедните грци да влеземе мамицата да им ја ебам педерска ти шо праиш?
СМ: Тамо ли си ооо…ја да ти кажам на пат тргнав исто
ЕС: Аааа еее па коа се враќаш?
СМ: Се враќам у недела
ЕС: У недела а? Доброо…
СМ: Ти иначе тргна накај грчка а?
ЕС: Аха па да бе да, нели утре не се работи…
СМ: Има многу ред?
ЕС: Па има да го ебам има странци срби ваму таму наши…сеа грциве ги пуштаат сите ние други и србиве чекаме онака разбираш као морончиња
СМ: Срби и македонци чекаат а а грци проаѓаат?
ЕС: Грци проаѓаат, и срби ги пуштаат нас македонци нај на крај разбираш, у друга лента не лепат
СМ: Каква е таа дискриминација?
ЕС: Е како па ти да го ебам ко да не знаеш како, така лесно…грчка работа е тоа
СМ: Па не е фер бе тоа
ЕС: Па не е фер, па нее бе друже фер ама тоа ти е… и грциве како ќе дојдат одма ги пуштаат одма има цајкан еден преку ред…
СМ: Кај ќе идеш
ЕС: Ќе идам ваму…до кај мене до куќава таму некоја цевка пукнала, некоја машина носиме и така до сабота у сабота се враќам и така…