АРСОВСКИ: Мицковски е како шофер кој се плаши да вози!

0
1093

Ваквите пораки, дел од „аланфордовски“ тип („Ако имаш намера да победиш, не смееш да изгубиш“) го засилуваат впечатокот дека врвот на опозициската партија ќе тактизира до крај, но го отвораат и прашањето за значењето на лидерството. 

„Мицкоски има чудна и контрадикторна позиција и тоа по најмалку две основи“, коментира комуникологот Петар Арсовски.

„Прво, неговиот коментар дека тој нема право да им кажува на гласачите што да прават е неточен. Напротив, поличарите постојат токму за тоа, да артикулираат позиции и за тоа да бараат јавна поддршка, т.е. баш да им кажуваат на гласачите како да гласаат. Оттаму, конфузијата од неговата позиција личи на ‘јас работам како возач, ама не смеам да возам’. Од него се очекува јасен политички став, најмалку во негово име и во име на партијата која ја води. Втората конфузна оска е мантрата за ЕУ и НАТО, ‘но не преку овој Договор, ама не кажуваме како поинаку’. Ова е континуиран проблем во наративот на опозицијата, која се противи на овој план, а свој план нема. Тоа исто така не е добитна позиција и за нив, но и за вкупното гласачко тело кое е изложено на противење без алтернатива, што може да донесе до трајни фрустрации“, вели Арсовски.