Армијата го гасне пожарот на езерото Младост, во опасност хотелот ,,Глориус”

0
1206

Пожарот во близина на Велешкото езеро ,,Младост” е проширен на поголема површина. Во гасењето на пожарот се ангажирани 50 вработени од АРМ и еден хеликоптер на АРМ и два авиони од Дирекцијата за заштита и спасување. Исто така на помош се пратени и екипи на ППЕ Неготино и ППЕ Кавадарци.

,,Во моментов се прават напори да се заштити хотелот Глориус кој се наоѓа на патот на пожарот”, информира Центарот за управување со кризи.

Голем пожар избувна денеска околу 11 часот во околината на езеро Младост. Гори борова шума и сува трева. Огнената стихија брзо се шири и зафати огромна површина, која што е опустошена од огнот. Во гаснењето на пожарот се вклучија и два канадери.