Арбен Бени Шаќири – Разочаран сум во луѓето што молчат и трпат

0
2052

Во секоја нормална земја после онолку „бомби“ на опозицијата, ќе имаше драстични пореметувања во политичкиот живот, а кај нас никому ништо. Затоа искрено јас не сум разочаран ниту во власта, ниту во опозицијата, јас сум разочаран во самиот народ којшто е подготвен да трпи, да ќути, некој за 8 илјади денари, а некој ни за толку, вели музичарот Арбен Бени Шаќири во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

beni

Шаќири, вие дефинитивно не припаѓате во онаа таканаречена замолчана јавност или замолчани интелектуалци и уметници, но се чини дека најголемиот дел од вашите колеги молчат, па дури и кога има работи што директно ги засегаат, како што беше законот за хонорарци. Зошто молчат?

Можеби немаат храброст, можеби прават некаква калкулација во главата, можеби ставаат на кантар. Ако сега премолчам, можеби утре ќе земам некоја трошка. Се работи за личен став, тука не можеш никого поединечно да судиш, ниту, пак, да го анализираш, се работи за личен став. Јас на пример не сакам да молчам, но не сакам ни претерано и попуста да одам да зборувам и да се удирам во гради. Мојот став е таков каков што е и е познат на сите. Не милувам нон-стоп нешто да се бунтувам и да пишувам на Фејсбук како сега јас сум нешто голем противник и поборник за не знам каква правда. Мојот став е познат и секој треба за себе да одлучува дали треба да го крене својот глас и против што и зошто, ако евентуално има некоја неправда, а ги има многу.

Звучите прилично дефетистички, сметате дека не може да промените ништо со гласност?

Ако се обидуваш на некој вака суптилен начин да ме чепнеш за да излезе тоа што јас го мислам за актуелните политички состојби во државата и некако целиот наш живот се врти околу таа политика и зависиме од неа. Во секоја нормална земја после онолку „бомби“ коишто ги објави опозицијата, ќе имаше драстични, не знам како би ги нарекол, тектонски пореметувања во политичкиот живот, а кај нас никому ништо. Тоа нам ни се претвори во некоја шпанска серија, како секој ден народот да очекуваше некакво продолжените на некоја наредна епизода од истата таа серија, затоа искрено јас не сум разочаран ниту во власта, ниту во опозицијата, јас сум разочаран во самиот народ којшто е подготвен да трпи, да ќути, некој за 8 илјади денари, некој ни за толку.

Се појавивте на опозицискиот митинг пред владата на 17 мај и рековте дека со музика ќе го дигнете својот глас против состојбите во државата. Кои се првите два стиха кои ви доаѓаат на памет?

Сега во моментот не може да ми текне ништо паметно, но еден стих ми е, всушност тоа се два пасуса, едниот е од наслов на книга на Џони Штулиќ, а вториот е од една негова песна, инаку човек кој посебно го почитувам, го имам преслушано и прочешлано одамна. Значи првиот е „Nemam više ni s kim, a ni protiv koga“ (Веќе немам ни со кого, а ни против кого. Тоа е наслов на една негова книга, збирка на негови текстови. Вториот е пасус од една композиција, од една песна коа се вика „Курвини синови“ – „Lutka od krvi bez trunke ideje“ (Кукла од крв без трошка идеја).

Во Македонија генерално кога некој нешто ќе искритикува веднаш се прогласува за предавникк. Зошто?

Затоа што така им одговара на моќниците да ги постават работите за да може да владеат. Тоа е сосема регуларно, сосема, би го нарекол, легално. Што очекуваат овие од опозиција? Демек сме ние некоја возвишена раса па сега ќе седнеме ќе се разбереме на маса. Ние до тука, не ни одеше, ај сега вие пробајте. Не, значи секој властодржец кога ќе ја зграпчи, особено балканскиот менталитет, начин на размислување, е ако може едно 4 илјади години да владее, зашто така размислуваат луѓето коишто ја водат земјата, дека ќе можат да располагаат со сè тука, дека се најповикани, најпаметни, најумни, дека никој ништо не знае, само тие знаат. И потполно се согласувам дека човек кога ќе добие власт треба да даде максимум од себе, но да даде во позитивна насока, зашто навистина е без врска да гледаш да чепкаат во контејнери и да се удираат во гради политичарите како им дале социјална помош и како де факто постои социјална правда во Македонија и кога ќе чуеш дека таа социјална помош е 1.300 – 1.500 денари, а очилата на премиерот се, не биле 60 илјади долари, туку се само 2.500, тоа е дегутантно.

Целото интервју може да го проследите ОВДЕ