Апашите повторно „бамборат“ за развоен буџет

0
1407

Во последните осумнаесет години, ДПМНЕ е на власт четиринаесет: од 1998 до 2002, со влада предводена од Љ. Ѓеоргиевски – во која три години, без еден месец, Апашот Груевски беше министер за финансии, како и од 2006 до денес, со влада предводена лично од Арамијата. Во меѓупериодот од четирите години, на власт беше СДСМ – со влад(и)а раководен(и)а од тројца премиери. Какви резултати остварија „компетентните“ кадри на ДПМНЕ во областа на економијата. Еве дел од нивните „успеси“.

1. Во осумнаесетте години (1998-2016) БДП на земјата просечно годишно се зголемувал со 2,93 проценти. Графиконот ја покажува годишната динамика на тој раст, со тоа и динамиката на раст во време на различните политички партии на власт.

bdp

Што ни кажува насликаното? (1) Ако ги исклучиме четирите години, кога на власт беше СДСМ, во останатите 14 години (кога ДПМНЕ е на власт (1998-2002 и 2006-2016), просечниот раст на БДП изнесува приближно 2,6 проценти. (2) Во првиот период на ДПМНЕ (1999-2002) просечната годишна стапка на раст на БДП е само 1,8 проценти. Велат, негативен фактор била меѓуетничката војната во 2001. Па, кој ја произведе таа војна? Кој не ја спречи и зошто не ја спречи? Дали беше неизбежна? Секако, не беше неизбежна (се согласувам со Героски). Аналфабети, демагози, национал-шовинисти и арамии не можат да антиципираат и да превенираат такви настани – таквите нив ги креираат. (3) Во периодот 2003-2006 (на власт беше СДСМ) БДП растеше со реална годишна стапка од 4,2 проценти. (4) Во периодот 2007-2016 (декада на Првиот Апаш) просечната годишна стапка на раст изнесуваше 2,89 проценти. Велат, „имаше светска финансиска криза“. Да, имаше, но тоа ни од далеку не е доволно за да се оправда ниската стапка на раст. Еве неколку аргументи.

Целата анализа на Петар Гошев може да ја прочитате ОВДЕ