Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

0
894
Ние како држава мораме да покажеме дека сакаме да ги заштитиме и семејствата во пониска класа што земаат помали плати посочи вицепремиерот Кочо Анѓушев во Топ тема на Телма.
„Во секоја земја е дефинирана минималната плата. Минатата недела имавме средби со стопанските комори. Засега сеуште немаме дефинирано вредност. Следниот период ќе имаме интензивни средби на кои што ќе разговараме се со цел да се најде заедничко решени и тоа нема да биде избрзана одлука. Да бидеме искрени, едно семјество не може да живее со 200 евра месечни примања и двајца да работат. Во сите држави минималната плата е да ги заштити најранливите категории“ изјави Анѓушев.
Минималната плата е на ниско ниво – констатираше претседателката на СКМ Арсовска. Но посочи дека во време кога се спорведуваат мини даночни реформи, ново зголемување може да направи дисторзија на пазарот на труд
„Мора да се направи анализа по сектори да се види каде може да има зголемување. Сите сакаат да ја зголемат, но мора многу фактори да се земат во  предид при утврдување на вредноста на минималната плата„  изјави Арсовска.