АНТИ АН-ТИКВАРСКА ИНИЦИЈАТИВА И АНТИ АН-ТИКВАРСКИ ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ

0
1331

Тргнувајќи од моменталната политичка состојба во која се наоѓа Р.Македонијаа пред се моменталната политика на владејачката гарнитура, нејзината институционална поставеност и начин на делување заради задржување на позицијата како владејачка политичка гарнитура во Р.Македонија.

zharestefanoski

Длабоко изразена преку злоупотреба на државниот апарат, институциите, невладиниот и граѓанскиот сектор, во креирање на јавното мислење и претставување на лажна слика за одвивањето на демократските процеси во државата пред меѓународниот фактор, сметам дека е за потребно веќе воспоставениот систем на делување на опозициониот блок и граѓанскиот сектор кој пред се манифестира преку организацијата и начинот на делување, да биде ревидиран на начин што ќе се унапреди моменталната организација и начинот на делување преку воспоставување на јасна стратегија на делување врз секој сегмент од опшествено-политичкото живеење на локално и централно ниво и воспоставување на јасни правила на однесување и делување на претставниците на опозиционите форми на здружување како од политичкиот блок, така и од граѓанскиот сектор.

Владејачката гарнитура има воспоставено целосна контрола врз институциите на системот, имајќи ги во предвид пред се основните алки врз основа на кои таа се одржува на власт и ја обезбедува својата позиција која пред се темели на креирањето на јавното мислење преку медиумската покриеност на централно и локално ниво и за која сметам е едно од најсилните адути за истата да прикаже лажна претстава за моменталната состојба, квалитетот на животот на граѓаните и просперитетот на државата на локално, централно и меѓународно ниво, сметам дека во овој дел од политичкото делување голем број од субјектите, навремено и ефикасно не реагираат на политиките на локалните власти каде владее раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кое нешто може да се препише на истоштената внатре-партиска организација, и парцијалната активност на нејзините членови во разобличување на мотивите за спроведување на конкретните локални политики на владејачката гарнитура, пасивноста во реакцијата на очигледите противзаконитости во работењето на локалните функционери на владејачката гарнитура и водењето на органите на локалната самоуправа и од нив осниваните јавни претпријатија и служби во кои се врши груба злоупотреба на органите и позициите на членството на ВМРО ДПМНЕ, во голема мера е очигледно нивното незаконито функционирање заради стекнување на личен бенефит, непостоењето на иницијатива од органите на општинските организации во релација на зајакнување на конкурентската способност на опозициските општински организации наспроти локалното владејачко раководство на ВМРО-ДПМНЕ .

Без оглед на медиумската покриеност во корист на владејачката гарнитура на локално ниво и покрај сеуште постојните слободни и независни медиуми и начини на кои и тоа како може да дојде до израз критичката мисла на важните фигури на опозиционите раководства на политичките опоненти на власта кои до денес во голема мера се дистанцираа од јавната критика на очигледниот криминал, не се одважуваа да истапат со прозивка на одговорните локални функционери, не ја следеа дневната агенда на локалното раководство на ВМРО ДПМНЕ и не ја анализираа нивната работа, ниту пак реализацијата на проектите од локално значење, кое нешто од друга страна преку статистичка обработка на прибраните податоци со употреба на соодветните економски методи и анализа преку споредбени податоци, би имале можност да ја разобличат нереалната слика за таквиот ангажман и во голема мера да го разоткријат вистинскиот мотив за реализирање на конкретните проекти а тоа е остварување на личните интереси на поединци, групи, правни лица или др.органицазии инвловирани во реализација на проектите на локалната власт. Преку вака пасивното делување, голем дел од граѓаните не се во можност да го сватат значењето на конкретните проекти на локалните раководства на ВМРО-ДПМНЕ, вистинскиот мотив за превземените чекори во реализација на конкретни проекти и не можат да ја сватат реалната цел на локалните функционери.

Согласно општо прифатеното начело дека опозицијата треба да биде коректор на власта и неуморно да го следи нејзиното функционирање, да врши притисок за ефикасно, чесно и законито работење, и во таа смисла одважно да истапува со соодветна реакција во случај на откривање на незаконитостите во работењето на локалната власт, сметам дека моменталната и долгогодишна позиционираност на ВМРО ДПМНЕ на локално ниво во голема мера си создаде услови во кои го доведе во состојба на послушност или свесна пасивност, поголем дел од локалните раководства на СДСМ и опозициониот блок воопшто, преку разни облици на репресивни мерки и зависност.

Сметам дека е крајно време да ја извлечеме основната поука од долгогодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ која произлезе од начинот на нивното функционирање и истапување пред граѓаните поддржувачите, неопределените, а тоа е дека опозицијата треба да обезбеди силна, издржана и реална програма во која ќе бидат содржани релевантните фактички состојби и ќе бидат понудени вистинските решенија за реално имплементирање на стратешките цели на секоја демократска држава. Сметам дека при креирањето на таквата програма и нејзино усовршување и имплементирање опозициониот блок, нема да биде во можност да ја реализира, доколку не се воспостави строг систем на прецизно менаџирање на активностите на општинските организации, месните одбори и граѓанскиот сектор кои пред се ќе служат како извор на релевантни и сеопфатни податоци за состојбите на локално ниво, како би можело централното раководство да ги имплементира во креирањето на програмата за исполнување на стратешките цели на опозицијата.

Со оглед на погоре наведеното во опозициониот политички блок и во соработка со граѓанскиот сектор, веќе подолг временски период се спроведуваат активности во насока на преструктуирање и имплементирање на заедничка стратегија, чија имплементација до наредните парламентарни а потоа и локални избори ќе резултира со отворен пристап на опозицијата кон граѓаните кои во неа ќе ги препознаат вистинскате вредности на прогресивната политичка активност заради подобрување на севкупниот живот на граѓаните.

Пишува, адвокат Жарко Стеваноски