Антиќ, Мекeјлеб и Чековски на списокот за Евробаскетот

0
1121

Македонската Кошаркарска Федерација, по разговорите со селекторот Александар Џикиќ, го објави поширокиот список на репрезентативци кои ќе бидат во комбинација за настап на Евробаскетот 2015.

kosharkari-antikj

На поширокиот список на Репрезентацијата кој е испратен до ФИБА се наоѓаат 24 кошаркари:

Владо Илиевски

Андреј Магдевски

Лестер Бо Мекејлеб

Александар Костоски

Димитар Караџовски

Димитар Мираковски

Војдан Стојановски

Дамјан Стојановски

Марко Симоновски

Дарко Соколов

Ивица Димчевски

Владимир Брчков

Бојан Трајковски

Стојан Ѓуроски

Ѓорѓи Чековски

Кирил Николовски

Перо Антиќ

Бојан Крстевски

Предраг Самарџиски

Ричард Хендрикс

Марјан Јанески

Љубомир Младеновски

Ненад Димитријевиќ

Андреј Маслинко

Подготовките почнуваат на 25-ти јули во Скопје, а до почетокот на Евробаскетот репрезентацијата ќе одигра поголем број пријателски натпревари со силни репрезентации во Охрид и Гевгелија, како и во Литванија и Шпанија на подготвителни турнири за континенталниот собир.

Првата фаза на Евробаскетот 2015 што почнува на 5 септември, Македонија ќе ја игра во Загреб каде во групата ќе се сретне со Холандија, Грција Хрватска, Словенија и Грузија.

Извор : Кајгана