АНАЛИТИЧАРОТ ПЕТАР АРСОВСКИ : Времето работи за Заев, на Груевски ќе му се брза да се постигне договор, рејтингот на Заев ќе расте од ден на ден и тој треба само да чека Груевски да стане политички неупотреблив!

0
2055

Интересна колумна и анализа во Утрински Весник на аналитичарот Петар Арсовски која е спротивна на тезата на професорот Љубомир Фрчковски кој напиша и кажа дека СДСМ мора да го симне од власт Груевски пред почетокот на летните одмори. Петар пишува:

arsovski

Ако до пред неколку месеци, статус-кво, односно замрзнувањето на политичките состојби му одговараше на Груевски, сега таа позиција повеќе му одговара на Заев. Тој нема повеќе што да изгуби. Дури и сегашните преговори да пропаднат, тој секогаш може да се врати на нови бомби, митинзи, протести, граѓанска непослушност. Во вакви политички позиции, каде времето сега работи во негова полза, на Заев не му одговара стабилизација по која било цена. Дури и најголемата закана за него, а тоа е судски прогон, би довела до ерупција на граѓанско незадоволство, па така Груевски би имал проблем да го спроведе овој прогон и дури и без очигледните инхибиции кои му ги наметнува меѓународната заедница. Ако е тоа така и Заев не може да биде уапсен, тогаш тој комотно може да го „колва“ Груевски на подолг рок, што му обезбедува извесна комоција во сегашните преговори, бидејќи сега власта мора да се договори, а тој не. Оттаму мислам дека е многу малку веројатно Заев да прифати враќање во Собранието без договор за концентрациска влада. И затоа мислам дека преговорите ќе се одолжат.