Анализа: Колку се богати пратениците од албанскиот блок?

0
1229

Дел од новите пратеници доставија нов анкетен лист, но некои, според податоците од базата на Комисијата за спречување на корупција, сè уште не го сториле тоа. Анализата што ја направи Порталб за имотната состојба на пратеници од албанскиот политички кампус покажува дека сепак, кај дел од новите пратеници има промена – повеќе пари на сметки, автомобили. Еве каква е имотната состојба на некои од пратениците во новиот собраниски состав:

Џеват Адеми, ДУИ
Пратеникот Адеми, по основ на наследство, во анкетниот лист пријавил куќа во вредност од 105.000 евра во Голема Речица, заедно со двор и земјоделско земјиште вредно 3.000 евра. Во анкетниот лист се моторни возила на име на децата во вредност од 16.660 евра но и автомобил, како личен имот 11 илјади евра. Адеми наведува и дека има и кредиt од 44.000 евра а сопругата има накит вреден скоро 16.300 евра.

Бранко Маноиловски, ДУИ
Маноиловски, според пријавеното во анкетниот лист, поседува зграда од 1.200 метри квадратни во Илиноис, САД со проценета вредност од 1,2 милиони евра. Од закпуп месечно има прилив од 10.700 евра а на штедна книшка чува 2. 400 евра. Во анкетниот лист не се наведени транскациски сметки, возила или друг вид на имот.

Ејуп Аљими, ДУИ
Овој нов пратеник во својот анкетен лист навел дека поседува куќа во Скопје во вредност од 70.000 евра, двор вреден 30.000 евра, земјиште во Скопје вредно 900.000 евра и моторно возило „ланчиа делта“ 2008.

Талат Џафери, ДУИ
Анкетниот лист на министерот Џафери и претеникот Џафери се разликуваат. Заедничко им е поседување на куќа во Форино од скоро 179.000 евра, стан во Скопје, моторно воизло „ауди“ А4 и платата на сопругата од 17.000 денари. Во новиот анкетен лист, од позиција на пратеник, Џафери пријавил и автмобил од 2.000 евра, како имот на децата, но и два кредити од 26.500 евра и од 550.000 денари.

Бардул Даути, ДПА
Според она што го пријавил во анкетниот лист Даути поседува само возило од 300.000 денари и на свое име има кредит од 657.648 денари. Останатиот имот, куќа од 200 квадратни метри во Џепчиште, земјодолско земјиште и деловен простор, се на име на неговите родители. Пратеникот Даути, како член на советот на општина Тетово, во првиот анкетен лист пријавил и плата од 28.400 денари, но сега во новиот анкетен лист она што е ново е што куќата од 80 метри квадратни станала 200 метри квадратни, а се зголемила и квадратурата на земјоделското земјиште.

Медух Тачи, ДПА

Во новиот анкетен лист на пратеникот Тачи повеќе го нема автомобилот „БМБ“, вреден 3 милиони денари. На трансакциска сметка, во однос на состојбата од претходниот анкетен лист, пријавил намалување на сумата, но девизниот депозити од 99.000 евра се зголемил на 103 илјади евра. Пратеникот Тачи ја пријавил и својата куќа со двор во Тетово од 1.186 квадратни метри како и куќа со деловен простор и двор, исто така во Тетово во вредност од 74.000 евра.

Весел Мемеди, коалиција Алијанса за Албанците
Весел Мемеди, пратеник од коалиција Алијанса за Албанците ( ДР-АДП, Унитети НДП), е регистриран со анкетен лист како член на советот во општина Гостивар, и од таа позиција тој има пријавено моторно возило „пежо 207“ од 2006 година и плата од 42.000 денари месечно.

Сурија Рашиди, коалиција Алијанса за Албанците
Во анкетниот лист на пратеникот Рашиди фигурира само моторно возило од 8000 евра, но од позиција на член на советот на општина Струга, Рашиди има пријавено заеднички имот: две куќи со дворови во Радолишта, Струга како и земјоделско земјиште во истиот крај.

Африм Гаши, Беса
Како личен имот Гаши пријавил две трансакциски сметки без пари на нив, автомобил од околу пет илајди евра, а на име на својата сопруга накит вреден 120.000 денари. Во анкетниот лист е пријаве и недвижен имот, но на име на родителите: стан од 60 квадратни метри во Скопје, земјиште, куќа како и пензија на родителите.

Новите анкетни листови, особено на истакнати функционери и на новите пратеници го предизвикаа вниманието на јавноста. Па така, екс премиерот, а сегашен пратеник Никола Грувески пријави заштеда од 230.000 евра и 13 уметнички слики, но во неговиот анкетен лист немаше недвижен имот на негово име. Недвижен имот на лично име нема ниту лидерот на СДСМ Зоран Заев. Освен анкетен лист, пратениците до Комисијата за заштита од корупцијата треба да достават и Изјава за судир на интереси. Според анализата на Порталб – до моментот на сумблимирање на овој текст, имаше пратеници без анектен лист.