Амнестијата на Хашките треба да се спроведе во стилот Киша околу Крагуевца

0
1109

Денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев, на прес конференцијаобјави разговор за кој вели дека е меѓу Гордана Јанкулоска и заменик министерот за правда Билјана Бришковска Бошковски за амнестија на Хашките случаи.

jankuloska-BBB

Бришковска, вели Заев, кажува дека амнестијата не може така да се изврши според Комитетот за тортура во делот на овие случаи, и затоа сугерира да се направи во стилот како „Киша околу Крагуевца“.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Билјана Бришковска Бошковски

ГЈ: Ало.

БББ: Извинете сега, меѓутоа морав…

ГЈ: Нема проблем, кажи Билјана.

БББ: Вака сега…ќе го потпише, меѓутоа само со една реченица, значи да стои дополнително тука, дека: Владата на Република Македонија треба да ги има во предвид, значи јас ќе гледам тоа Владата исто да го тргнам. Значи да се имаат во предвид препораките на Комитетот за тортура во делот на овие случаи.

ГЈ: Е па добро бе. Јас затоа ти реков, сега знаеш не можеме, да го видите вие текстот

БББ: Да.

ГЈ: Утре-задутре тоа мислење на Собрание ќе го извадат,

БББ: Јасно, јасно.

ГЈ: Ќе го читаат, ќе го цитираат…Мислам јас зборев и со Михајло…

БББ: Мхм.

ГЈ: …човекот у право е сега, вика: а бе знаеш ептен се тие проблематични, оти 100 пати сме го збореле, знаеш, не е прв пат со прашањево да се соочуваме.

БББ: Мхм.

ГЈ: Ако може да направите…да речам таков, неутрален текст…

БББ: Мхм, мхм…иначе ова само законот е, ништо, значи само го имаат она…

ГЈ: Не, не, добро. Затоа вика, ако може нешто неутрално да се направи…

БББ: Нешто ќе гледам онака да направиме „Киша околу Крагуевца“ таа реченица за да се потпише. Затоа што…

ГЈ: Оти тоа пак, знаеш…едно е што Михајло треба да го потпише, второ е што треба и од Влада некој да го потпише. Значи…

БББ: Е па и тоа е…

ГЈ: ….фактички двајца наши луѓе….

БББ: …ги ставаме…

ГЈ: ….ги изложуваме на лош ризик.

БББ: Како?

ГЈ: Не, не на ризик, него ги ставаме така, на критика.

БББ: Мхм. Ајде ќе ставиме ние нешто во однос на тоа, затоа што тие препораки се од 2008 година, дека државата треба да превземе се во врска со тие предмети да дојдат до некој завршеток и нели, да прозлезат некои работи…

ГЈ: Да де да.

БББ: Ги знаете сигруно.

ГЈ: Да де да.

БББ: Сето ова, сите тие препораки прво ја исклучуваат амнестијата, како начин на решавање и да видиме нешто, значи да се направи така, да не се, да не се обрне премногу внимание.

ГЈ: Да де да. А бе тоа ќе се обрне у Парламент, ама сега, тоа е.

БББ: Ама ќе помине.

ГЈ: Тоа е ризикот…

БББ: Тоа е, тоа е.

ГЈ: …нема поинаку…

БББ: Добро, океј.

ГЈ: Добро Билјана.

БББ: Тоа сакав само…

ГЈ: Океј, фала ти.

БББ: Поздрав, чао.

ГЈ: Поздрав, чао.