Амнестијата на затвореници доби поддршка од сите парламентарни групи

0
738

213147-540x279

Иницијативата за усвојување закон со кој ќе се амнестираат 145 затвореници го помина првиот филтер во собранието. Во двете собраниски комисии, законодавно правната и Комисијата за политички систем, иницијативата доби поддршката од членовите на сите политички партии. Иницијаторите се оптимисти дека нивната замисла ќе успее, пренесеАлсат-М.

Иницијативата за усвојување на закон за амнестија ја поздравија и од Обединети за Македонија, иако велат дека е задоцнета.

Со овој закон ќе бидат корегирани многу неправди нанесени на поединци кои контрираа на режимот. И покрај непостоечките докази и лажни сведоци Љубе Бошкоски, доби неправедна пресуда, а со тоа и класификација на политички затвореник. Но, ова не е единствениот случај. Во македонската судска пракса има многу поголем број. Затоа со амнестијата оваа неправда ќе ги врати работите во нормала “, стои во соопштението на ОМ.

Иницијаторите за законот за амнестија кои два дена протестира пред Собранието најавуваат дека собирите ќе продолжат се до усвојувањето на конечната одлука за собирање потписи.