На денешното рочиште за судењето за крвавиот четврток, обвинителката Вилма Рускоска, давајќи го завршниот збор за обвинетиот Игор Дурловски, рече дека според исказите на сведоците дадени во постапката, тој заедно со Богдан Илиевски и Владо Јовановски бил исплаќан од Кирил Божиновски да ги организираат и водат протестите „За заедничка Македонија“.
Според обвинителката, Дурловски тоа не го правел од идеолошки, туку од материјални побуди.
„Смело е што се коцкаше со судбината, но криминално е да се коцкаш со иднината на државата“, рече Рускоска и потсети дека на Дурловски му се заканува казна затвор од најмалку 10 години.
Извор : МакФакс