Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд, во рамки на посетата на регионот, по една година, повторно на 13 јули ќе ја посети и Македонија.
Македонските медиуми шпекулираат дека и таа ќе се вклучи во решавањето на политичката криза во земјава.
Нуланд како американски амбасадор во НАТО беше дел и од разговорите за надминување на разликата околу името меѓу Македонија и Грција, за членство на земјава на самитот на НАТО во Букурешт 2008 година.