Home Македонија Амди Бајрам не запира со глупостите, ќе се кандидира за претседател: Не...

Амди Бајрам не запира со глупостите, ќе се кандидира за претседател: Не знам дали ќе победам, ама знам дека Кока Колата ја пијат сите

0
965

Централниот одбор на Сојузот на ромите на вчерашната седница донел одлука да го кандидира својот лидер, Амди Бајрам, за претседател.

За „Фокус“ Бајрам вели дека ќе мора да ја прифати одлуката на партијата и да влезе во трката за претседател на државата.

-Се кандидирам за да победам, а дали ќе победам ќе каже народот. Јас само можам да кажам дека Кока Колата ја пијат сите граѓани – рече тој.