Амбасадата на САД повика да се продолжат разговорите за влада

0
1383

Амбасадата на САД во земјава денеска соопшти дека го набљудуваат процесот на формирање влада и ги повикува партиите да продолжат со разговорите за формирање нова влада.

„Очекуваме да работиме со македонската влада, кога ќе се формира, за напредување во евроатланската интеграција преку спроведување на реформите предвидени со Договорот од Пржино, особено во однос на владеење на правото“, велат од Амбасадата на прашањето на Нова ТВ, како ги коментираат последните случувања и неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се договорат и да формираат влада.

Од Американската амбасада додаваат дека САД остануваат партнер на Македонија во тие напори.