Алсат-М: Иванов и удира контра на Владата за воените аташеа

0
1304

Најавеното заминување на полковник Методи Хаџи Јанев како воено аташе во Вашингтон, како одлука на Владата, е неизвесно и проблематично, коментираат за Алсат Мексперти за воени прашања, додавајќи дека претседателот Иванов не го потпишува указот за негово упатување.

ivanov sam

Проблематично било и тоа што сосема друг офицер, полковник Велин Стојановски, од пред две години има решение од тогашниот министерот за одбрана Талат Џафери дека тој е избран за воен претставник во Америка.

Експертите за воени прашања и за дипломатија ваквото однесување го толкуваат како крајно несериозен однос кон земјата домаќин и надвор од протоколарни односи меѓу две држави кои во случајот имаат највисоко ниво на соработка во сите области, вклучително и одбраната.

Инаку, освен за полковник Велин Стојановски, на сила се и решенијата за воени аташеа од август 2013 година за поранешниот началник на Генералштабот Мирослав Стојановски за Брисел, Сафет Мечиновиќ за Атина, Енвер Јакупи за Париз, Зоран Секуловски за Лондон и полковник Круме Велков за Виена. На овие кадровски решенија за воени аташеа зад кои застанала Владата, претседателот Иванов го нема ставено својот потпис на указот за именување.

„Причина за ваквото однесување на Иванов освен непочитувањето на Законот за одбрана е и спорот на релација Претседател- Министерство за одбрана на кој му кумувал генералниот секретар на ВМРО- ДПМНЕ, Емил Димитриев во својство на поранешен заменик министер за одбрана“, коментираат извори за телевизијата.