Алсат-М: За специјалниот обвинител преговарал и Мијалков

0
1903

Политичките партии продолжуваат со преговорите за текстот на предлог законот на јавен обвинител, под дополнителен меѓународен притисок. Во денешните преговори, се вклучи лично амбасадорот на ЕУ Аиво Орав, во обид да посредува за доближување на ставовите.

И понатаму останува пречка бројот на обвинители, но извори од преговорите за телевизијаАлсат-М велат дека ВМРО- ДПМНЕ се обидува и преку други правни детали да ја спречи работата на Специјалниот обвинител.

Sasho Mijalkov krv

Вчерашните преговори иако траеја до два часот по полноќ не резултираа со конечен договор. Како што дознава Алсат-М сепак ќе има дополнителни обвинители, иако македонската партија на власт и понатаму продолжува да го одбива предложениот предлог закон од страна на посредникот делегиран од ЕУ, Питер Ванхоуте. ВМРО-ДПМНЕ има забелешки не само за предлогот, специјалниот обвинител да го избира бројот на обвинители, туку и за други детали од предлог- законот. Дури во еден момент, преговарачите од ВМРО-ДПМНЕ побарале повторно да се разгледа предложениот закон од страна на СДСМ, сметајќи како поприфатлив отколку законот на ЕУ, велат изворите на телевизијата.

Инаку, на зачуденост на сите учесници, вчера на преговорите се појави и поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.

„Тимот на ВМРО – ДПМНЕ на преговорите вчера доби ново засилување. Освен Никола Попоски и Никола Тодоров ставовите на ДПМНЕ вчера ги бранеше и едно од лицата кое најмногу се појавуваше во бомбите на позицијата поранешниот шеф на УБК,Сашо Мијалков“, известува Алсат-М.

И покрај упорноста на партијата на Груевски, законот предложен од ЕУ да не помине таков како што беше предложен, меѓународните претставници сакаат денеска да се затвораат дискусиите и утре предлог законот да се достави во Собрание. Во таа насока се толкува и вмешувањето на амбасадорот Орав, кој за прв пат учествува во работната група.

ЕУ се стреми кон тоа во понеделник и вторник да се преговара за името на обвинителот, зашто се уште не се започнати конкретни преговори. Гарантите на Договорот не сакаат да го дозволат преседанот на прекршувањето на роковите, особено сега во првата фаза од спроведувањето на протоколот од 15 јули, велат дипломатски извори.

Посредникот Ванхоуте и јавно се изјасни дека ЕУ веќе смета на можноста за наметнување на арбитрарно решение, доколку страните не успеат да се договорат.